Македонскиот институт за медиуми (МИМ) распиша повик за млади новинар(к)и од 18 до 35 години и студент(к)и по новинарство за размена на знаење меѓу млади од Македонија и Албанија.
Размената е во соработка со Албанскиот институт за медиуми од Тирана, а програмата ќе се одржи во Тирана од 18 до 21 септември и во Скопје од 16 до 19 октомври. Работен јазик е англискиот.
„Дваесетина млади новинари од Албанија и Македонија, како дел од програмата ќе имаат можност да истражуваат и обработуваат теми поврзани со говорот на омраза, наративите што поттикнуваат поделби, портретирањето на различностите во медиумите“, велат од МИМ.
Заинтересираните треба да го пополнат формуларот за учество, а крајниот рок за аплицирање е до 10 септември.