Министерство за здравство ги објави имињата на 59-те загинати во пожарот во Кочани

Министерство за здравство денеска ги објави сите имиња на 59-те загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март.

„Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите, и замолуваме да не се шпекулира со невистините информации“, велат министерството.

Алексова Стефанија (2004), Џамов Јорданчо (1993), Трајчев Иван (2000), Ѓоргиев Џоко (2000), Коларов Александар (1981), Величков Иван (1998), Стојанов Андреј (2000), Aнтова Ивона (2003), Христовски Павел (2004), Димитријев Диме (1994), Насевски Никола (2007), Богданов Тоше (1994), Тодоровски Тоше (1988), Коцева Ана (2004), Живков Адријан (2000), Петрушов Гордан ( 2001), Горгиев Игорче (1976), Стевановски Филип (1988), Стојанов Томче (2003), Стоименова Моника (1999), Стојанов Стојанчо (1988), Пројковска-Николовска Сара (1977), Шопова Марија (1997), Ивановски Петар (2004), Ѓорѓиев Александар (1991), Марковски Матеј (2007), Закова Бојана (1997), Василков Ѓорѓи (1999), Петров Александар (1999), Минова Драгана (2008), Алексова Сара (2006), Ѓорѓиески Андреја (1982), Ивановски Филип (2008), Јорданова Сара ( 2007), Стрезоска Марија (2001), Ефремов Александар (1992), Велков Игор (1980), Тасева-Стојковска Лепа (1998), Атанасовски Мартин (1996), Алексов Александар (1986), Минов Божидар (2001), Милковска Кети (1999), Златков Томас (2003), Соколова Стефанија (2005), Велков Леонид (2007), Наунова Надица (2007), Јорданов Виктор (2000), Панов Андреј (2000), Иванов Димитар (2008), Стоименов Спиро (1998), Владимиров Јове (1993), Андонов Ице (2003), Тасевски Стефан (1988), Величков Ѓорѓи (1994), Стојанов Александар (1986), Христова Сања (1999), Танески Дамјан (2006), Спасова Моника( 1998) и Лазаров Андреј (1999).

Од 59 загинати, три лица се на возраст од 16 години, три на 17, четири на 18, едно на 19, две на 20 години, шест на 21, две на 23, седум на 24 години, три на 25, седум на 26 години, две на 27, едно на 29, три на 30, две на 31, по едно на 32 и 33 години, четири на 36, две на 38, едно на 43, две на 44, едно на 47 и едно на 48 години.

Починатите денеска се погребани во родните места.