Во киното „Фросина“ во МКЦ на 25 февруари ќе биде промвиран вториот албум на Minstrel’s Gallery, наречен “To..”.
Настанот ќе почне од 20 часот со дружба во фоајето, а точно во 21 почнува концертната промоција во салата.
Влезот е бесплатен, а на врата по промотивна цена може да се купи првиот и вториот нивен албум.
Инаку, Minstrel’s Gallery се четиричлен состав кој фузионира со прогресив и арт рок, џез, психоделии, светска/фолк музика… Бендот е составен од Виктор Танасковски на гитара, мандола и вокал, потоа Слободан Танасковски на флејта, клавијатури и вокал, Даме Јовановски – бас гитара и придружен вокал, а на тапани е Кристијан Тодоров.