Вчера (17 декември) излезе четвртото музичко продолжено издание (EP) од Иван Димиш, „Мисли, каење и гнев“.
„Направено во тешки денови, за да помага на другите во тешки денови“, вели Димиш.
Продолженото издание содржи 5 песни и е достапно за слушање на Јутјуб. Музиката, текстот, миксот и мастерот се на Димиш, а омотот го правел Томе.
Покрај трите продолжени изданија, „Единка“, „Навраќање“ и „Глас“, тој ги има извадено инструменталните албуми „Inception“ со звуци на природа што веројатно никогаш нема да предвиди дека ќе свири во треш-метал бенд, понатаму, албумот „Redemption“ со драматичен инструментален призвук. Посебно се издадени нумерите „Џ(г)ан“, „Ортус“ и „Многу“, сите во различни жанрови, од поп до лут панк.
„Колку сакаш потивко, толку ќе е погласно“- ‘Глас’, ново панк EP на Иван Димиш