Архитект и професор, Митко Хаџи – Пуља е редовен предавач на Архитектонскиот Факултет во Скопје при Универзитетот св. Кирил и Методиј. Во кратко интервју за Радио МОФ тој раскажува, што му е потребно на еден град во архитектонска смисла, зошто се потребни новите градби, но и како глобализацијата влијае врз просторот.
Дали сметате дека Скопје ја губи својата надворешна убавина, со тоа што константно се гради?
Секој град нужно треба да се надградува. Град кој што не се надградува умира. Ние ги среќаваме тие феномени денеска како shrinking cities – градови кои полека се повлекуваат…исушуваат. Тоа е еден социополитички и на крајот еден просторен феномен. Веројатно во губењето на енергијата на луѓето, а и друштвото како такво доаѓаме до тие процеси на губење на енергијата на градо , бидејки градотот настанал како потреба на луѓето да се обединат и да застанат заедно и да создатат нова енергија.
Поаѓајки од тоа, во принцип сметам дека секое надоградување секое градење би било добро, прашањето било дали е за Скопје или кој и да град и одговорот е да треба и мора да се надоградува. Слично како јазикот, во кој секојдневно внесуваме нови работи, креираме ,преземаме, обновуваме исто како и битието, заедно и градот треба да се надоградува. Прашањето е во која мерка, каде и со кој континуитет.
Значи ако постои контуниутет тоа е добро надоградување, тогаш постои контраст. Во едно ткиво кое нема акцент, нема доволно читливост, потребно му е да се надогради со нешто спротивно, конкретно, на пример појава на споменик нешто монументално бележје не мора да негативно, може да е негативно ако не е добро направено или осмислено. Претерување во нешто дали многу или малку како и со останатите работи во нашиот живот никогаш не е добро.
Дали духот на Скопје успева да биде во континуитет со неговото ширење?
Скопје имаше еден шарм, тоа го знам зашто сум роден тука и морам да ви кажам дека дури во основно знаев да се прошетам низ Дебар маало и знаев да уживам во метафизиката на обичното, во метафизиката на доброто, во секојденото и случајното. Се работеше за една социјална и просторна инфрастуктуеа која беше специфична. Тоа беа семејства кои во своите куќи имаа градини, и преку тие градини со нашите погледи можевме да го видиме нивниот однос и нега кон просторот и како комуницираат тие меѓу себе. Тоа беше едно прекрасно искуство, во кое уживав шетајќи се низ Дебар маало.
Но, дојде нова социјална структура, значи не се работи само за архитектурата, суштината е во интезитетот од невидливите, оние кои сакаат да го преисполнат ткивото и се наоѓаме во ситуација на загушеност, дури некоја зграда да биде добра, нема да се види убавината. За мене стилскиот аспект е секундарниот, она што сите не шокира е стилскиот дисконтинуитет, наеднаш се гради премногу и тоа не може да биде добро.
Како глобализацијата влијае врз поединецот и врз убавината на градовите?
Да глобализацијата влијае за жал, но одговорот е двостран, јас сум модернист и секогаш гледам напред иако ја ценам традицијата. Од една страна глобализмот беше модерна платформа на која што се постави идејата за заедништво, за делење за еднаквост меѓу луѓето. Меѓутоа има негативна страна, страната на деидентификацијата, кога оној глобалниот мора да говконтролира локалниот, да го хипнотизира и изедначи преку преку своето наметнување на облици и прогласување добри вредности во однос на оние кои се лоши. Со тоа се уништува критичкиот став на локалното.
Сепак во секоја уметност, посебно во архитектурата постои еден слој наречен класичен кој е оној супстанцијалниот кој што во сите нации во локалното можеме да го најдеме. Ќе видите пирамиди во Египет, но и во Јужна америка, ќе видите куќа со еркери во Тибет, но и во Македонија. Така што во сите тие структури постои есенцијален слој кој што преку класичното-создава глобално разбирање, па во таа смисла глобализмот не мора да биде негативен.
Дали сметате дека денешниот просто му овожможува на човекот да биде во врска со просторот?
Тоа е нашата болка , градбите имаат одредена отуѓеност во себе. Кога ние ќе го изгубиме чувството за време додека го доживуваме мирот, како што брзините не тераат да го губиме, така се губи и чувството за простор. Ако ги немаме тие две оски врз кои се градиме како битија, потоа не можеме да се градиме ни со сликата која што ја гледаме во еден облакодер кој што нема мерило. Вие не можете да доживеете ни димензија ни значење, едноставно неговиот интезитет, обезвременувајќиве ве уништува.
Затоа она за кое би се залагале не е во уништувањето на времето туку севременското, безвременското, начин на градба, во смисла дека ќе го постигнеме оној базичен класичен слој основа на секоја цивилизација, која што е матрица на храмонијата.
Сара Миленковска