„Митоловка и Митовник“ – акција по повод Светскиот ден за борба против корупцијата

По повод Светскиот ден за борба против корупцијата, 9 декември, Центарот за современа уметност (ЦСУ) ја постави акцијата „Митоловка и Митовник“ во центарот на Скопје.

Од таму велат дека „Митоловката“ претставува ново и многу ефикасно средство за борба против коруопцијата во Македонија.

„Со оглед дека корупцијата го разјадува нашето општество, ја уништува нашата иднина и ги богати нашите политичари, олигарси и кој уште не, решивме да ja креираме oваа ефикасна алатка за борба против корупцијата“, посочуваат од Центарот.

Организаторите истакнуваат дека при развојот на „Митоловката“ – (мишоловката) се инспирирале од репликата во македонскиот филм „Среќна нова 49та“, па решиле оние кои земаат мито да ги претстават како стаорци и да „удрат по нив со стаорски средства“.

317390667_639655324526037_2272979330386930477_
« of 7 »

„Се надеваме дека граѓаните како и странските претставници, кои се единствените во кои граѓаните имаат доверба, ќе ги увидат бројните предности на ‘Митоловката’ и ќе ја употребуваат сè додека и последниот стаорец не го напушти или не биде уловен на бродот Македонија“, велат од ЦСУ.

Заедно со „Митоловката“, од Центарот претставија и прирачник за поставување мамки, „Митовник“ – во кој на директен и сликовит начин се дадени упатствата за мамките.