„Art Attack“ за денес (сабота, 3 декември) од 21 часот во Занаетчискиот дом во Куманово најавува третото возобновено издание на кумановска гитаријада „Гитаријада Куманово 2022“.
„Настан врежан во трајната меморија на кумановчани како една од ретките можности на кои што младите бендови имале можност да го презентираа нивниот звук“, се вели во најавата.
Оваа година гитаријадата ќе биде од ревијален карактер, а како главен акт доаѓа култниот состав – „Мизар“.
„Бенд, кој статусот култен го постигнува веднаш по излегувањето на нивниот деби албум во 1988, кој што е прогласен за најдобар албум во тогашна Југославија“, велат организаторите.
Локална поддршка за „Гитаријада Куманово 2022“ ќе биде и настапот на кумановскиот метал бенд „Cursed Heart“.
Влезот за гитаријадата е слободен.