Во Македонскиот народен театар вечерва со почеток во 19 часот, израелскиот театар „Кармелим“ ќе се претстави со мјузиклот „Еден вкус од Израел”. Преставата која се одржува во рамки на Скопско лето, е во режија и кореографија на Ефи Ашкенази.
„Кармелим“ групата е составена од 25 до 30 млади на возраст од 15 до 18 години, а повеќето се студенти од средното училиште Лео Баецк во Хаифа, со неколку од останатите училишта во градот.
Од основањето пред 30 години, таа е насочена кон воспоставување на врска со животот во Израел, историските и сегашните постигнувања и проблеми на државата преку уметноста. Групата ги има претставено Хаифа и Израел со многубројните турнеи во странство Јужна Африка, Чешка, Унгарија, Обединетото Кралство, Германија, Швајцарија, Канада и САД.
Билетот за мјузиклот чини 150 денари.