Првото издание на Стрип Трип Фестивалот во Скопје ќе се одржи на 17 и 18 јуни во Младинскиот културен центар (МКЦ). Организаторите најавуваат дека програмата предвидува одржување на дискусии и презентации на најнови домашни и регионални стрип изданија, гостување на автори и издавачи, изложба на реномирани стрип цртачи, музичка и филмска програма, работилница за цртање стрип за деца и берза на стрипови.
„Ги повикуваме сите издавачи, колекционери, стрипомани и стрип љубители, самите и нивните најмили да повелат и заземат активно учество на првото премиерно издание на Стрип Трип, кое искрено се надеваме ќе прерасне во богата и долгогодишна традиција, како што личи на еден сериозен, возобновен и етаблиран град“,в елат организаторите.
Фестивалот финансиски е поддржан од Град Скопје. Дизајнот за настанот е креиран од Гоце Илиевски, а организаторите за несебичната помош се заблагодарија на стрип книжарницата Бункер и издавачите Стрип Квадрат и Тошо Филиповски.
Извор: Мета.мк