МКЦ распишува конкурс за мурали

МКЦ и Град Скопје распишуваат Јавен повик за учество на тема: ,,ВИА Скопје”, мурали на големи столбови или на рамна површина.

Пријавување со скица на муралот е до 3ти септември на: info@mkc.mk, а учесниците ќе бидат избрани од трочлена комисија.

Како што информираат организаторите, муралите кои содржат навредлива, несоодветна и неморална политичка , верска, национална и родова конотација нема да се земат во предвид а на избраните учесници им следуваат материјали за работа и авторски хонорари.

„CreArt излегува на улиците со програма на уметнички дела прикажани долж јавниот простор, сметајќи и на локални таленти (поканети преку кураторски проекти) и на уметници од нашата CreArt мрежа (избрани во Отворени повици). Оваa иницијативата има за цел да генерира уметнички мурали што ќе останат долгорочно и ќе коегзистираат со општата врева на уличниот живот“, велат од МКЦ.

Clear (Мрежа на градови за уметничко творештво) е мрежа на европски градови со средна големина, предводена од Ваљадолид (Шпанија), која работи од 2012 година, со цел да ја поттикне креативноста и да го максимизира економскиот, социјалниот и културниот придонес што визуелните уметности можат да го дадат во нивните локални заедници, преку соработка во постојана програма за европска размена за нови креатори.

Град Скопје е составен дел од меѓународниот проект CreArt 3 (Network of Cities for Artistic Creation )-Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа која обединува 13 градови и од јавни и приватни културни институции.

Партнери се Шпанија: Ваљадолид (Fundación Municipal de Cultura) – лидер на проектот, Португалија: општина Авеиро Полска, општина Лублин, Хрватска: HDLU-Загреб (Хрватско друштво на ликовни уметници), Северна Македонија: Скопје, Литванија: Арткомас-Каунас (културна институција финансирана од општината)• Франција: Руан и Клермон-Феран, Италија: Венеција (општина), Латвија: Лиепаја (Градски совет), Чешка: Budweis 2028- Ческе Будејовице (Јавна организација), Финска: Оулу , Германија: Регенсбург.

Поврзани партнери се Atelierhaus Salzamt (Линц), Bluecoat (Ливерпул), Хафенкомбинат (Лепициг) и Дијалог на Совет.