Млад хрватски режисер со денови пред владата ги чита укинатите лектири од училиштата

Дневникот на Ана Франк, Малиот принц, Пипи Долгиот Чорап и Куќата на ежето се само некои од книгите кои изминативе денови пред владата ги чита младиот режисер Ловро Крсник, откако беа исфрлени од списокот на лектири во хрватските училишта.

Неговата иницијатива #ИПонатамуЧитам започнала во петокот, кога на Плоштадот Свети Марко, пред влезот на хрватската Влада, ја отворил книгата Малиот принц и почнал да ја чита на глас. Оттогаш, секој ден по еден час доаѓа на истото место и чита некоја од книгите кои „исчезнаа“ од списокот на лектири во новите наставни програми по хрватски јазик и литература. Својот мирен протест го споделува на социјалните мрежи на кои во живо го пренесува секое читање.

„Сакам да ги потсетам луѓето дека и понатаму е важно да се чита и дека не може, туку така, лесно да се откажеме од книгите или да ги доведуваме во прашање“, објаснува Крсник за порталот srednja.hr.

Книгите кои ги чита Крсник досега беа ставени во проширениот попис на лектири, а со новите наставни програми веќе ги нема во тој список.

„Живееме во време на многу редукции поврзани со сите подрачја кои генерациите пред нас ги гледале како одредена цивилизациска придобивка. Дотации за култура и наука, социјално и пензиско осигурување, а за жал тука е и срозување на нивото на сложеност на училишните програми. Секако дека е потребно да се прилагодат и унапредат училишните програми во согласност со времето во кое живееме, но мислам дека тоа никако не смее да биде на сметка на книжевноста. Периодот на задолжително школување и онака брзо поминува во однос на останатиот работен век, и на многумина тоа ќе им биде единствена прилика да се сретнат со книгите кои спаѓаат во класици“, смета Крсник.

 

View this post on Instagram

 

DAN PETI #idaljecitam #pipidugacarapa Jučer su me udaljili ispred zgrade Vlade, pa sam Ježevu kućicu na glas pročitao ispred glavnog ulaza u Markovu crkvu. Danas ću opet pokušati čitati ispred Vlade. Dok sam bio mali Pipi je bila tu za mene. Sada je vrijeme da ja budem tu za nju. Ako i vi i dalje čitate neku od knjiga dovedenih u pitanje, ma gdje god bili, stavite #idaljecitam uz svoju sliku ili snimku čitanja i popratite instagram profil projekta. https://www.instagram.com/idaljecitam Danas sam tu do 16:15 sati i #idaljecitam #pipidugačarapa #pipilongstocking #astridlindgren #pippilangstrumpf Od 15.veljače 2019. ispred zgrade Vlade na Markovom trgu, pročitao sam: 1. Malog Princa 2. Ježevu kućicu 3. 4.

A post shared by idaljecitam (@idaljecitam) on

Крсник посочува дека досега до него не пристапил никој од Владата, туку само полициски службеници.

„Секој пат ми бараат лична карта, а потоа вообичаено ги прашувам – „можам ли да ви читам и вам“, па сите се потсмевнуваме и ме оставаат слободно да продолжам со акцијата. Кога ќе направам пресметка, за пет дена колку што ми трае акцијата ми пријдоа шест службени лица, а само осум граѓани, кои за моето читање разбрале преку социјалните мрежи. Можно е оваа бројка да делува малку обесхрабрувачки, но верувам дека лавината реакции допрва ќе се покрене“, додава Крсник.

Тој вели дека неговиот план засега е да продолжи да чита по еден час дневно, бидејќи само таквиот континуитет има смисла.