Нов претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) е Младен Чадиковски. Тој беше изгласан на денешното Собрание на ЗНМ, со 86 гласа. Негов противкандидат беше Стојанче Наумов, за кого гласаа 77 членови на ЗНМ.
Досега функцијата претседател на ЗНМ во два мандата ја вршеше Насер Селмани.
Денеска беа избрани и новите членови на Управниот и Надзорниот одбор и за Советот на честа. За членови во Управниот одбор биле пристигнати 29 кандидатури, а во него влегоа Фиљана Кока, Фуркан Салију, Среќко Поповски, Аднан Ајдари, Сашка Цветковска, Мишко Иванов, Сашко Димевски, Бењамин Арифи, Слободанка Јовановска и Зоран Димитровски.
За Надзорниот одбор пристигнаа шест кандидатури, а избрани се Мери Јордановска, Адриан Керими, Наташа Стојановска, Семи Мехмети и Ирена Мулачка. Во Советот на честа пак влегоа Мира Костиќ, Јакупи Семра, Сенад Зилбеари, Зекири Арбен и Горан Лефков.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.