Еден сребрен и два бронзени медала освоија младите индорматичари на 15. Јуниорската балканска олимпијада по информатика што се одржа во Дорохои, Романија, информираат од Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ).
Ученикот Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп освои сребро, бронзени медали освоија Никола Стојковски од Скопје и Дамјан Давков од Штип, а Владимир Грчев од Кочани кој е најмладиот учесник од земјава се здоби со олимписка пофалба. Македонскиот тим беше предводен од Владислав Бидиков и д-р Миле Јованов од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и членови на ЗИМ што го организираше учеството на македонските претставници.
Во 15 изданија на олимпијадата што се одржани досега македонските натпреварувачи имаат освоени 5 сребрени и 24 бронзени медали.