Млади министри во Влада – кој од нив најдолго чекаше вработување?

Млади министри во Влада - кој од нив најдолго чекаше вработување?Тројца правници и двајца економисти – тоа се професиите на петтемина најмлади министри во македонската влада. Сите имаат завршено високо образование. Министерот за здравство Никола Тодоров има положено и правосуден испит, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пак, магистрирала во Велика Британија, додека најмладиот министер во македонската влада, Панче Кралев, додека е на функцијата, во мирување го ставил својот докторат. Ова стои на официјалните сајтови на македонските министерства, каде задолжително е поставена биографијата на ресорниот министер.

Иако последните податоци на невладините организации покажуваат дека повеќе од 50% од  младите во Македонија се невработени, а секој од нив чека по најмалку една година за прво вработување, дел од нив не влегуваат во овој просек.

Млади министри во ВладаТака, на пример, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески веднаш по дипломирањето успеал да најде работа, покажува неговата официјална биографија и тоа директно во кабинетот на Министерот за финансии. Откако променил неколку функции во државниот сектор, една година работи како шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за во 2005-та да биде назначен за генерален директор на ЈП “Водовод и канализација“, а од 2006-та да седне на министерското столче во Транспорт и врски.

 

Млади министри во ВладаМинистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска е највозрасна во оваа петорка. И таа штом дипломирала, веднаш успеала да најде работа по струка како правник во приватен сектор, за по неколку месеци да биде назначена за државен советник во Министерството за финансии, на позиција шеф на Кабинетот на министерот. На 27 август 2006  таа се вработува како министер за внатрешни работи на Република Македонија.

 

тодоровСо само 34 години,  актуелниот министер за здравство Никола Тодоров, веќе има завидна биографија. Пред оваа функција, Тодоров работеше и како министер за образование, а претходно беше поставен и за прв човек на скопскиот катастар. Во неговата биографија се споменуваат и високи позиции во ЈП Водовод и канализација, потоа во АД ГТЦ-Скопје, а една година работи и како заменик-директор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор. Тодоров најдолго чекал на своето прво вработување помеѓу оваа петорка, но затоа е единствен кој поседува дипломи за постигања во областа на спортот.

pance_kralevМинистерот за образование Панче Кралев работел уште пред да го заврши својот факултет.  Прво почнува со работа во инвестицискиот фонд SEAF во Скопје, а потоа по пауза од две години, време во кое ја завршува својата магистратура, станува асистент за истражување и тутор на студентите на „Сити колеџ“ во Солун. Подоцна се вработува во Холандската амбасада во Скопје, па во „Раифаизен инвестментс“ во Србија, за да заврши како актуелен министер за образование во Македонија.

 

Млади министри во ВладаСпиро Ристовски, пак, министерот кој ја разбранува јавноста со својата изјава дека има работа, но младите премногу бираат што да работат, има најсиромашна биографија меѓу министрите. Тој нема магистратура, а според наведеното на официјалниот сајт нема положено ниту правосуден испит. Сепак, веднаш по дипломирањето, откако поработел една година како правник во приватен сектор, поставен е за заменик-директор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување-МАПАС. Во август 2008 станува заменик-министер, за во 2011 да биде назначен за министер за труд и социјална политика во Владата на Република Македонија.

Министерското место се чини посакувано за многу млади луѓе, но тешко се доаѓа до него. „Стануваш сабајле, миеш лице, излегуваш на улица и наоѓаш работа. Јас не знам што не ви е јасно“ е еден од коментарите на изјавата на министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски околу вработувањето на младите кои станаа хит на социјалните мрежи.

Ј.Ј.