Секоја година, светот на музиката станува побогат за нови, млади музичари кои ја освежуваат сцената. Магазинот Billboard направи листа од 14 млади таленти од кои оваа година се очекува да „блеснат“:
John Newman. 24-годишниот британски соул-пејач веќе има два хита на врвот на Британската топ 4о листа, но сите предвидуваат дека оваа година ќе ги има уште повеќе. Најавен е неговиот настап на фестивалот Coachella, како и турнејата низ Сад, па тоа може да биде пресудно во неговиот поход кон светска слава годинава.
FKA twigs е поранешна танчарка, а сега пејачка, која светот ја запозна лани, со изданиетo „EP2“, интересна мешавина на трип хоп и Р&Б. Таа издава за Young Turks, одличната издавачка куќа која стои и зад изданијата на The XX и Sampha, а тоа само ги зголемува очекувањата од неа за оваа година.
Lo-Fang. Електро-соул артистот Matthew Hemerlein на 25 февруари ќе го издаде албумот „Blue Film“, под псевдонимот Lo-Fang. Hemerlein веќе го споредуваат со James Blake, а неговото ново издание со нетрпение се очекува во инди круговите.
Holychild. Изминатата година, овој интересен пар привлече стотици илјади кликови на нивните профили на Youtube и Sounscloud, без официјално да издадат албум или сингл. Годинава, договор со некоја издавачка куќе ќе биде неминовен, па двајцата артисти ќе можат да продолжат да ги радуваат фановите со своите весели, понекогаш саркастични поп песни.
Banks. И покрај „поплавата“ од добри женски Р&Б вокали во последните години, некои артистки вистински се издвојуваат. Меѓу нив е Jillian Banks, скромно позната само под своето презиме. И покрај инстант-сличноста со Lana del Rey, нејзините дебитантски песни, како “This Is What It Feels Like” и “Waiting Game” веќе имаат над милион преслушувања, а светот очекува комплетно издание од Banks оваа година.
HAERTS. Бендот од Бруклин во 2013 откри нови правци во алтернативниот поп, што им донесе потпис со моќната Columbia.
Sam Smith го предводи новиот бран на одлични машки вокали од Лондон. Фановите го очекуваат првиот ЛП албум – „In The Lonely Hour“, кој ќе излезе во мај годинава.
И Ella Eyre е од Лондон, но нејзината музика е подлабока и посензуална. Таа има само 19 години, а веќе соработуваше со Rudimental (на песната “Waiting All Night”), Naughty Boy и Wiz Khalifa (“на Think About It”). Се очекува нејзиниот дебитантски сингл во март.
Rich Homie Quan. Хип хоп артистот силно стапна на сцената минатата година, а во моментов работи на својот прв ЛП албум.
EXO. Јужнокорејскиот 12-член тинејџерски бенд е „следното големо нешто“ од Кореја.
Hot Since 82 минатата година го имаше својот вистински пробив во светот на електронската музика, но изгледа дека годинава ќе ги надмине одличните лански достигнувања. И како продуцент, ремиксер и како диџеј, овој музичар од Лидс изненади многумина, вивнуваајќи се во врвот на клабинг сцената.
Sampha е уште еден Р&Б артист кој треба да се следи во 2014. Неговиот прв сингл, „Dual“, издаден во јули лани, го исфрли на сцената како емотивен кантавтор со интелигентни текстови.
SZA. Девојката која лани се појави со синглот „S“, годинава ќе издаде продолжение, за издавачката куќа Top Dawg Entertainment.
Sohn е уште едно интересно ново име во електронскиот денс-поп звук што вреди да се следи. Дечкото веќе има 800.000 следачи на Soundcloud, кои ги маѓепсал неговиот сензуален електронски звук.