За сите оние кои имаат идеја за младинско социјално претпријатие, но немаат почетен капитал, од сега е достапна платформата „Млади претприемачи“, наменета за поттикнување на економското зајакнување и развој на социјалното претприемништво, како и модерен начин за самовработување на младите.
Платформата претставува краудфандинг алатка на која младите можат да ги претстават своите иницијативи за социјални претпријатија и потоа да соберат финансиска поддршка од јавноста за нивна реализација. Дополнително, платформата е замислена како ресурс за нови, но и за постоечки иницијативи и нуди помош во секој чекор од процесот на реализација и промоција на Вашата бизнис идеја.
„Процесот на претставување на вашата идеја е брз и едноставен. Сѐ што треба е да се регистрирате на платформата со креирање на Ваш кориснички профил. Потоа, внесете ги податоците за претставување на иницијативата, нејзиниот назив, поле на дејност, опис и слично“, велат од Националниот младински совет на Македонија, кои ја креираа платформата со поддршка на ЕУ.
Повеќе за платформата и информации за тоа како можете да ја претставите вашата идеја, може да најдете на следниот ЛИНК.