Млади програмери ќе развиваат иновативни софтверски решенија на хакатон во Собранието

Во Собранието денеска започна хакатон кој има за цел да ги поврзе младите програмери со Собранието преку развивање иновативни софтверски решенија, користејќи сетови на податоци од Порталот за отворени податоци на Собранието, Националниот портал за отворени податоци и Порталот за отворени финансии.

Хакатонот се реализира како дел од Програмата за парламентарна поддршка, а е дизајниран да ги инспирира и поттикне младите таленти да ја користат моќта на отворените податоци и да изработат софтверско решение кое би се користело за јавно добро и кое би адресирало различни општествени предизвици.

Во рамки на настанот се одржа и панел дискусија на тема „Важноста на отворените податоци и институционалната отвореност кон новите технологии“.

Хакатонот е предвидено да заврши во петок на кои ќе бидат презентирани финалните презентации на секој тим и ќе бидат прогласени победниците.