Со цел да се намали одливот на младите од земјава, особено од руралните средини, Здружението на жени менаџерки „Елит“ во изминатите две години спровело повеќе од 30 обуки со млади во Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион. Тие формирале 15 рурални младински клубови и работеле на подобрување на квалитетот на животот на младите, поттикнувајќи и зголемувајќи го младинскиот активизам и волонтерство.
„Целта на овие обуки беше да ги мотивираме младите и жените од руралните средини да се здобијат со вештини и да го подобрат својот капацитет за да можат да се вклучат во заедницата и да дадат свој придонес во социјално-локалната економија“, истакна Ленка Угриновска, претседателка на „Елит“.
Пет работилници биле спроведени во Охрид, Тетово, Куманово, Новаци и Крива Паланка на тема „Младите од руралните средини во областа на развојот на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјалното претприемништво“.
Во пет рурални младински клубови се работело на развој на капацитети за младински активизам, а во останатите 10 се развивале социо-економските иницијативи на локалните младински клубови. Последните три обуки се одржале на 17 и 18 јули на Универзитетот Скопје.
„Токму со овие обуки ја постигнавме посакуваната цел, да ги зајакнеме правно, организациски и финансиски капацитетите на младите во новоформираните lisensi easeus data recovery локални младински совети и нивната ефикасност во заедницата кои согласно нашите проектни активности логистички ги помогнавме и формиравме во Македонски Брод, Јегуновце, Брвеница, Вевчани и Кривогаштани“, вели Угриновска.
„Темите за руралниот туризам, еко и зелените површини, пристапот до финансии, малите бизниси и социјалното претприемништво беа темите на обуките за кои особено беа заинтересирани учесниците во проектот. Тоа нѐ охрабри да ги поттикнеме foxit reader crack младите ентузијасти кои знаат што сакаат и веруваат во подобро утре да останат во својот роден крај да се надградуваат со нови знаења, вештини за да создаваат подобри услови за живот во средините во кои што живеат и работат“, истакна претседателката на „Елит“.
Обуките биле спроведени во рамки на проектот „Потпри се на младите“, заедно со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како носечки партнер, „Рурална коалиција“ и „Џуниор Ачивмент Македонија“.