Продолжува серијалот „Млади за Скопје“ во „Ла Кања“, каде во петок (5 мај) свој настап ќе има Март Ави од Естонија.
Од „Млади за Скопје“ за него велат дека е самурајот на самракот на алтернативната поп музика, чиј занает станува се’ подобар со секоe новo дело.
„Тој пораснал во малото естонско село по име Вара, играјќи наоколу со ‘рѓосаните остатоци од неговото трудољубиво минато што подоцна довело до читање музика од никаде-некаде, мапирајќи неистражени територии помеѓу авант-попот и безвременската величественост“, стои во најавата за настанот.
Настапот почнува по 21 часот, а влезот е донација.