Млади за Скопје: Концерт на „The Local Blue“ и изложба на BeamOff.Art во „Ла Кања“

Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ утре (сабота) 15 јули ќе продолжи нова концертна епизода од серијалот „Млади за Скопје“.

На агендата се „The Local Blue“ – Кристијан Савиќ (гитара), Панде Ефтимов (бас) и Кристијан Новковски (тапани), бенд кој свири специфичен инструментален хибрид помеѓу психоделичен рок, стоунер рок, спејс рок и пост рок. Тие во нивното досегашно постоење, имаат издадено два албума за PMG Recordings: „Project Blue Beam“ (2018) и „2nd Landing“ (2019), а дечките објавија и еден снимен во живо – „Live at Kanal 103“.

На своите свирки аудиториумот го носат на уникатно, психоделично, вселенско патување. Во итнервју пред некоја година, дечките ни кажаа дека самата музика ги тера да одат нагоре, накај ѕвездите, а по природа се љубопитни за мистерии и неодговорени прашања во животот.

Интервју со „The Local Blue“: Експериментираме со музика и со вселенски концепти

 

На настанот, покрај тоа што ќе свири со The „Local Blue“, Кристијан Новковски ќе се претстави со изложба на негови уметнички дела, кои ќе бидат достапни за купување. Името на неговиот уметнички проект е Beam Off Art (@beamoff.art).

Почеток на настанот е во 21 часот, а влезот е донација.