Младите од Биди Зелен клубот на „GoGreen“ во Корчагин, во соработка со Младинскиот Образовен Форум (МОФ) организираат јавна дебата на тема „It’s too late on Global Climate Change“ („Доцна е да се дискутира за климатските промени“).
Во сабота од 14:00 до 17:00, во Волонтерскиот Центар во Младинскиот културен центар ќе се споделуваат мислења, ќе се водат дијалози, ќе се аргументира и контра-аргументира и ќе се дебатира конструктивно.
Целта е да се развие дискусија меѓу младите и да се видат нивните мислења за климатските промени.
Дебатата е организирана по повод кампањата „Go Green for Climate“. Кампањата има за цел да ја развие свеста кај младите за климатските промени и да ги промовира барањата од граѓанскиот сектор за престојниот Самит за климатски промени (COP21) на Обединетите Нации, кој се одржува во Париз, Франција од 30 ноември до 11 декември.