Мрежата на организации Y-PEER Македонија поддржана од Фондот за население на Обединети Нации-УНФПА се приклучи кон регионалната кампања Youth Voice и најавува серија младински креативни активности за периодот што следи:
24.11-12.12 – Теренска интеракција со млади во Скопје, од која се очекува да се слушне гласот на малдите и да се добијат нивни пишани пораки. Оваа активност ќе се одвива преку посета на фрекфентни урбани локации каде наши волонтери ќе ги замолуваат младите да ја вметната главата во Face in Hole и да пишат своја порака во просторот над мегафонот. Младите ќе бидат фотографирани и фотографиите со нивните пораки ќе бидат изложени во јавен простор.
30.11 – 3 едукативно-забавни изведби со фацилитација на младинската претстава„Приказни од ходникот“ која содржи пораки за превенција на ХИВ, несакана бременост и други теми за млади од областа на сексуално здравје и права (Во изведба на „Сенки и облаци“ со едукатори, во рамки на проект финансиран од фондацијата Staying Alive на Ем-Ти-Ви) /МКЦ
30.11 -Изложба на фотографиите од младите и нивните пораки /МКЦ
01.12 -Прес конференција на која се објавува победник за најдобар дизјан на кондом пакувања и се споделуваат информации за YouthVoice кампањата / МКЦ
Декември – Младинска дискусија со претставници од граѓански организации која има за цел да призлезе со младински препораки за подобрување на состојбата на младите во Македонија. /Скопје (локацијата и датумот дополнително ќе се потврдат).
Y-PEER Македонија упатува повик до младите да се придружат на кампањата преку споделување на нивна фотографија со младинска порака (лист хартија во форма на мегафон) на фејсбук страницата на Y-PEER Македонија, користејќи го хаштагот #ИдеитеГиСподелувамГласно и #EECAYouthVoice, и преку посета на настанот кој ќе се организира во недела (30.11) во периодот 16-20ч, во Младинскиот Културен Центар во Скопје.