По повод 3 март, Денот на општина Тетово, се одржа свечена церемонија на која беа доделени признанија за организации и нституции кои изминатава година придонеле за афирмација на граѓанските вредности во општина Тетово. На свеченостa присуствуваа преставници од верските заедници, директорите на јавните претпријатија, училишта и преставници од домашни и странски организации.
Младински образовен форум е добитник на признание за особен придонес во областа цивилно општество, со акцент на младинските прашања, проблеми и приоритети.
„ Ние денес го одбележуваме денот на општина Тетово и во оваа прилика им се заблагодарувам на сите оние кои создадоа значајни вредности во текот на оваа година за афирмација на нашиот град. Нивните дела преставуваат добар пример за сите“ – изјави градоначалникот на општина Тетово, Сади Беџети .
Признанијата се доделувааат традиционално, секоја година по повод Денот на општината.
Бобан Костадиновски