Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Мал дел од младинските организации се пријавиле на повикот на Агенцијата за млади и спорт, за да станат членки на новиот Регистар од кој ќе зависи креирањето на идните младински тела во земјава, кои треба да помогнат за решавање на младинските проблеми од сите сектори. Отсуството на јавна кампања за можностите кои се отвораат со Законот за млади (Закон за младинско учество и младински политики) во чии рамки се прави и Регистарот, но и потребата од одржување Собранија среде пандемија, се само дел од причините поради кои организациите не одговориле на повикот.
„Моментално само две членки, од вкупно 21 се пријавени во регистарот на АМС. Причината е тоа што за регистрација потребна е документација која предвидува приложување документи (годишна програма, наративни извештаи) кои ги усвојува највисокиот орган на управување во локалните извиднички организации, а за тоа е потребно свикување на собрание кое во моментов е невозможно да се свика поради рестрикциите“, велат од Сојузот на извидници на Македонија.
И од Националниот младински сојуз на Македонија алармираат за слабиот интерес. Помалку од половина од членките на оваа младинска чадор организација поднеле барање за регистрација во Регистарот. И тие како причина го наведуваат тоа што уписот бара многу документи усвоени на Собрание, кое пак е тешко да се свика поради рестриктивните пандемиски мерки. НМСМ дури потпиша и меморандум со АМС за тоа дека верификацијата за упис во регистарот ќе се прави заеднички.
„Сепак, ни се чини дека постојано мораме да ја потсетуваме Агенцијата за млади и спорт за работи кои заеднички сме ги утврдиле и сме се согласиле, што одзема непотребно трошење на време и енергија. Сметаме дека АМС треба значително да ги зголемат напорите и капацитетите (и човечки и материјални) во комуникација и промоција на Регистарот и значењето на тој регистар и генерално на можностите и механизмите кои ги предвидува Законот за младинско учество и младински политики. Во овој момент, за поголемиот дел од младинските форми на организирање се уште лебди во воздух прашањето зошто е потребно да се регистрираат во посебен регистар кој го води АМС, кога веќе се регистрирани во Централниот регистар“, укажуваат од НМСМ.
Од Сојузот на извидници велат и дека АМС, како институција која треба да ги застапува токму младите, само констатира дека има проблем, но не бара решение.
„Не направиле никаква кампања за охрабрување на организациите за нивно регистрирање, придобивки од регистрирањето согласно Законот за млади, промоција на законот и залагање за негова имплементација. Целата работа е оставена на добра волја на организациите и нивните заложби за промоција на законот, наспроти обврските на агенцијата“, велат извидниците.
Од Младинскиот образовен форум велат дека аплицирале на повикот, и успеале да ги соберат потребните документи. Сепак, укажуваат дека има простор за подобрување на процесот.
„Единствена забелешка може да биде тоа што целата пријава се очекува да е поднесена и во електронска и во хартиена форма, директно во архивата на Агенцијата за млади и спорт. Практика која можеби треба да се промени во иднина, земајќи ги предвид заштитата на здравјето на граѓанит и животната средина, како и дополнителните трошоци кои настануваат при подготовката на апликацијата“, велат од МОФ.
Регистарот како прв чекор кон имплементација на Законот за млади
Воспоставувањето на Регистарот на младински организации, организации за млади и чадор организации е само првиот чекор кој треба да овозможи исполнување на законските одредби. За него е одговорна АМС. Според законските рокови, тој требаше да фиде финализиран уште во текот на минатата година.
„Регистарот на младински организации, организации за млади и чадор организации е креиран и е во функција. Неговото поставување на веб страната на АМС е во тек“, велат од Агенцијата.
Доцнењето на Регистарот, повлече доцнење на сите национални младински тела кои зависат од него. Имено, членките од Регистарот потоа треба да го свикаат Националното собрание на млади, од кое треба да се избере Советот на млади што треба да работи заедно со институциите на решавање на младинските проблеми.
„Она што е значајно да се напомене е дека конституирањето на овие тела – на локално и национално ниво – можат особено да придонесат во ситуацијата со справување со пандемијата преку пружање на директни информации за нивните потреби и барања, особено ако се има предвид дека младите се една од најпогодените групи на граѓани од пандемијата, особено од економски аспект“, велат од МОФ.
Дека младите најмногу губат со доцнењето на имплементација на законот наменет за нив, согласни се и младинските чадор организации.
„Младите губат можност за подобар квалитет на живот и мотивација и охрабрување за нивен општествен ангажман. Нам нè загрижува тоа што државата свесно губи уште една генерација на млади и ги остава на маргините од општествениот живот. И после сите декларативни заложби дека „младите се приоритет“ во политиките и во предизборните програми на политичките партии, но и во програмите на моменталната Влада, очигледно е дека ова се само декларативни заложби на хартија. Разочарува наративот дека еден од ретките закони донесени со консензус во политичкиот спектар се третира како парче хартија и нема политичка волја за ова да профункционира. Законот за млади има(ше) реално остварливи и разумни рокови за да почне да живее, кои ниту централните институции, ниту општините не ги испочитуваа. Ова пренесува порака дека или младите не им се приоритет или не се способни да одговорат на задачите. И двете опции се неприфатливи за нас младите!“, велат од НМСМ.
Од Сојузот на извидници, пак, додаваат дека она што никој не може да им го надомести на младите е токму изгубеното време.
„Младите во денешницава, во време на брз развој, раст и проток на информации, немаат време да чекаат на добра волја на државни/локални власти за нештото од хартија, да прерасне во пракса. Или го имплементираш, или воопшто не го гласаш како политика за на хартија. Ако во завршни одредби од законот е пишано дека Агенцијата ќе донесе подзаконски прописи со кои се регулира регистарот на младински организации во рок од 90 дена, истиот се очекува да се донесе за 90 дена, а не за 10 месеци. Кога се очекува Владата во рок од 18 месеци да донесе Национална стратегија за млади согласно одредбите од законот, истото се очекува да се донесе во рок од 18 месеци (процес кој сеуште не е ниту отпочнат, а поминати се 16 месеци од донесување на законот). Кога се очекува општините на локално ниво во рок од една година да формираат канцеларија за млади, службеник за млади и формирани и функционални локални младински совти, младите очекуваат дека истите ќе бидат формирани во тој временски период“, критични се извидниците.
Никој не ги ферма младите – пандемијата, изборите и апатијата ги закочија младинските политики
Оттаму велат дека во перидот кој следува приоритет треба да биде креирање на Национална стратегија за млади и оспособување на сервисите за млади. Сметаат дека така ќе може да се тргне во решавање на предизвиците поврзани со младите, од неформално образование и образование, па сè до вработување и спречување на одлив на мозоци.
Од НМСМ додаваат дека спроведувањето на т.н. Закон за млади е важно прво за да се охрабрат младите, да се пренесе пораката дека државата верува во потенцијалот и ангажманот на младите. Според МОФ, мора да се забрза имплементацијата на Законот на млади, за да се обезбеди и гарантира младинско организирање и учество, кое треба да има и застапувачка улога пред институциите на локално и национално ниво.
Ј.Ј.
-
Politikat rinore janë në vendnumërim – pritet Regjistri nga Ligji për të rinjtë
Një numër i vogël i organizatave rinore kanë aplikuar në thirrjen e Agjencisë për Rini dhe Sport, për t’u bërë anëtarë të Regjistrit të ri nga i cili do të varet krijimi i organeve të ardhshme rinore në vend, i cili duhet të ndihmojë në zgjidhjen e problemeve të të rinjve në të gjithë sektorët. Mungesa e një fushate publike për mundësitë e hapura nga Ligji për Rininë (Ligji për Pjesëmarrje rinore dhe politika rinore) brenda të cilit bëhet Regjistri, por edhe nevoja për të mbajtur Asamble në mes të pandemisë, janë vetëm disa nga arsyet pse organizatat nuk i janë përgjigjur thirrjes.
“Aktualisht, vetëm dy anëtarë, nga gjithsej 21, janë regjistruar në regjistrin e ARS. Arsyeja është se regjistrimi kërkon dokumentacionin që parashikon dorëzimin e dokumenteve (program vjetor, raporte narrative) që miratohen nga organi më i lartë drejtues në organizatat lokale të skautëve, kjo kërkon thirrjen e asamblesë që aktualisht është e pamundur të mblidhet për shkak të kufizimeve”, thonë nga Lidhja e Skautëve të Maqedonisë.
Lidhja Kombëtare Rinore e Maqedonisë gjithashtu paralajmëron për interesin e ulët. Më pak se gjysma e anëtarëve të kësaj organizate ombrellë rinore kanë aplikuar për regjistrim në Regjistër. Ata përmendin gjithashtu faktin se regjistrimi kërkon shumë dokumente të miratuara nga Kuvendi, i cili është i vështirë për t’u thirrur për shkak të masave kufizuese të pandemisë. KRNM madje nënshkroi një memorandum me ARS që verifikimi për hyrjen në regjistër do të bëhet së bashku.
“Megjithatë, na duket duhet t’i kujtojmë vazhdimisht Agjencisë për Rini dhe Sport për gjërat për të cilat kemi vendosur së bashku dhe kemi rënë dakord, gjë që merr kohë të panevojshme dhe energji. Ne besojmë se ARS duhet të rrisë ndjeshëm përpjekjet dhe kapacitetet e saj (njerëzore dhe materiale) në komunikimin dhe promovimin e Regjistrit dhe rëndësinë e këtij regjistri dhe në përgjithësi të mundësive dhe mekanizmave që i parashikon Ligji për pjesëmarrje rinore dhe politika rinore. Në këtë moment, për shumicën e formave të të rinjve të organizimit, pyetja mbetet ende në ajër pse është e nevojshme të regjistroheni në një regjistër të veçantë që e mban ARS, kur ato janë regjistruar tashmë në Regjistrin Qendror “, tregojnë KRNM.
Lidhja e Skautëve gjithashtu thotë se ARS, si një institucion që duhet të përfaqësojë të rinjtë, vetëm konkludon se ka problem, por nuk kërkon zgjidhje.
“Ata nuk bënë asnjë fushatë për të inkurajuar organizatat për regjistrimin e tyre, përfitimet nga regjistrimi në përputhje me Ligjin për rininë, promovimin e ligjit dhe angazhimin për zbatimin e tij. “E gjithë puna i është lënë vullnetit të mirë të organizatave dhe përpjekjeve të tyre për të promovuar ligjin, pavarësisht nga detyrimet e agjencisë,” thanë skautët.
Forumi për Arsimor Rinor thotë se kanë aplikuar për thirrjen dhe arritën të mbledhin dokumentet e nevojshme. Sidoqoftë, ata tregojnë se ka hapësirë për përmirësim të procesit.
“Vërejtja e vetme mund të jetë që i gjithë aplikacioni pritet të dorëzohet si në formë elektronike ashtu edhe në letër, direkt në arkivat e Agjencisë për Rini dhe Sport. Praktikë që mund të ketë nevojë të ndryshohet në të ardhmen, duke marrë parasysh mbrojtjen e shëndetit të qytetarëve dhe mjedisit, si dhe kostot shtesë të bëra gjatë përgatitjes së aplikimit”, thonë nga FAR.
Regjistri si hap i parë drejt zbatimit të Ligjit për të rinjtë
Krijimi i Regjistrit të Organizatave Rinore, Organizatave për të rinjtë dhe Organizatave ombrellë është vetëm hapi i parë që duhet të mundësojë përmbushjen e dispozitave ligjore. ARS është përgjegjëse për të. Sipas afateve ligjore, ai duhej të finalizohej që vitin e kaluar.
“Regjistri i organizatave rinore, organizatave rinore dhe organizatave ombrellë është krijuar dhe është funksional. Vendosja e tij në faqen e internetit të ARS është në rrjedhë”, thonë nga Agjencia.
Vonesa e Regjistrit ka rezultuar në vonesën e të gjitha organeve kombëtare rinore të cilat varen nga ai. Gjegjësisht, anëtarët e Regjistrit duhet të mbledhin Asamblenë Kombëtare të Rinisë, nga e cila duhet të zgjidhet Këshilli Rinor, i cili duhet të punojë së bashku me institucionet për zgjidhjen e problemeve të të rinjve.
“Është e rëndësishme të theksohet se konstituimi i këtyre trupave – në nivelin lokal dhe kombëtar – mund të japë një kontribut të rëndësishëm në trajtimin e pandemisë duke siguruar informacion të drejtpërdrejtë mbi nevojat dhe kërkesat e tyre, veçanërisht duke pasur parasysh se të rinjtë janë një nga grupet më të prekura të qytetarëve nga pandemia, veçanërisht nga pikëpamja ekonomike”, thonë nga FAR.
Se të rinjtë humbin më shumë me vonesën e implementimit të ligjit të dedikuar për ta, pajtohem edhe nga organizatat rinore ombrellë.
“Të rinjtë humbin mundësinë për cilësi më të mirë të jetës dhe motivim dhe inkurajim për angazhimin e tyre shoqëror. Ne jemi të shqetësuar se shteti me vetëdije po humb një brez tjetër të të rinjve dhe po i lë ata në margjinat e jetës shoqërore. Dhe pas të gjitha angazhimeve deklarative se “të rinjtë janë prioritet” në politikat dhe programet parazgjedhore të partive politike, por edhe në programet e Qeverisë aktuale, është e qartë se këto janë vetëm angazhime deklarative në letër. Zhgënjyes është narracioni që një nga ligjet e pakta të miratuara me konsensus në spektrin politik trajtohet si një copë letër dhe nuk ka vullnet politik që i njëjti të funksionojë. Ligji për të rinjtë ka (ishtë) afate realisht të arritshme dhe të arsyeshme për të filluar funksionimin, të cilat as institucionet qendrore dhe as komunat nuk i kanë respektuar. Kjo përçon mesazhin se ose të rinjtë nuk janë prioritet ose nuk janë në gjendje t’u përgjigjen detyrave. Të dy opsionet janë të papranueshme për ne të rinjtë!”, thonë nga KRNM.
Nga ana tjetër, Unioni i skautëve, shton se atë që askush nuk mund tu kompensojë të rinjve është pikërisht koha e humbur.
“Të rinjtë sot, në një kohë të zhvillimit të shpejtë, rritjes dhe rrjedhës së informacionit, nuk kanë kohë të presin vullnetin e mirë të shtetit / autoriteteve lokale për diçka jashtë letre, të transferohet në praktikë. Ose e zbatoni, ose nuk e votoni fare si politikë në letër. Nëse në dispozitat përfundimtare të ligjit është shkruar që Agjencia do të miratojë aktet nënligjore që rregullojnë regjistrin e organizatave rinore brenda 90 ditëve, ai pritet të miratohet në 90 ditë, jo 10 muaj. Kur Qeveria pritet të miratojë një Strategji Kombëtare për Rininë brenda 18 muajve në përputhje me dispozitat e ligjit, pritet ta miratojë atë brenda 18 muajve (një proces që nuk ka filluar akoma dhe 16 muaj kanë kaluar që nga miratimi i ligjit). “Kur pritet që komunat në nivelin lokal në afat prej një viti të krijojnë zyrë për të rinjtë, një nëpunës për të rinj dhe këshilla rinore funksionale, të rinjtë presin që ato të formohen në atë periudhë kohore,” skautët janë kritikë.
Askush nuk i përfill të rinjtë – pandemia, zgjedhjet dhe apatia i frenuan politikat rinore.
Prandaj, ata thonë se në periudhën e ardhshme përparësia duhet të jetë krijimi i një Strategjie kombëtare për rininë dhe aftësimi i shërbimeve për të rinjtë. Ata besojnë se kjo do të jetë në gjendje të adresojë sfidat në lidhje me të rinjtë, nga arsimi joformal dhe trajnimi për punësimin dhe parandalimin e migrimit të trurit.
Nga KRNM shtojnë se zbatimi i Ligjit për rininë është i rëndësishëm së pari për të inkurajuar të rinjtë, për të përcjellë mesazhin se shteti beson në potencialin dhe angazhimin e të rinjve. Sipas FAR, zbatimi i Ligjit për rininë duhet të përshpejtohet, në mënyrë që të sigurojë dhe garantojë organizimin dhe pjesëmarrjen e të rinjve, të cilët duhet të kenë një rol përfaqësues përpara institucioneve në nivelin lokal dhe kombëtar.
Ј.Ј.