mladipretpriemaci.mk – „crowdfunding“ платформа за младински социјални претпријатија

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) претстави нова платформа за финансиска поддршка на младински социјални претпријатија – mladipretpriemaci.mk.

„Од Младинскиот совет инстакнуваат дека #МладиПретприемачи е „crowdfunding“ алатка на која младите можат да ги претстават своите иницијативи и потоа да соберат финансиска поддршка од јавноста за нивна реализација.

„Платформата е отворена за користење за нови или веќе постоечки социјални претпријатија, граѓански организации и млади индивидуи/тимови кои имаат идеја за сопствен бизнис, меѓутоа немаат почетен капитал кој може да го вложат за развој/oсновање или унапредување“, велат од НМСМ.

Од таму дополнуваат дека платформата нуди и помош во процесот на реализација на бизнис идејата, информации за поддршка на социјалното претприемништво, надградување на младите претприемачи, знаење и вмрежување.