Со скандирање „Сакам да дишам!“ „Нема воздух, нема мир!“ започна маршот за чист воздух кој се движи од Министерството за животна средина до Владата.
Пред Собрание застанаа 3-4 минути и сите во еден глас извикаа ,,Здравјето пред профитот“. Пред Министерството за правда пак се слушаа свирежи.
Улицата е исполнета со луѓе наместо коли. Млади луѓе се предводници во првите редови со разни транспаренти, придружени од разни граѓани со пријателите, со деца, кучиња, луѓе на велосипеди. Поворката е долга, а скандирањата гласни.
,,Дојдете со нас”, повикуваат демонстрантите кон останатите граѓани. Крајна дестинација на маршот е владината зграда, без ограда.