„Младите и мобилноста“ е насловен настанот кој по повод повод Денот на Европа ќе го организираат Британскиот совет, Италијанскиот центар Данте Алигиери, Францускиот институт во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ и неколку Амбасади. Активностите ќе се одржуваат во ЕУ-МК инфо центар (Плоштад Македонија), на 9 мај, од 11 до 14 часот.
Во рамки на настанот се предвидени работилници со членките на новооснованата европска мрежа на културни институти – EUNIC Скопје, на тема како младите да ја подготват мобилноста во Европа, да напишат CV и мотивациско писмо на повеќе јазици, како да го одредат јазичното ниво, но и да дојдат до повеќе корисни информации на оваа тема.
Работилниците се отворени за сите млади и студенти кои би сакале да го надградат своето школување со студии на европски универзитети. Настанот се организира со поддршка на Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на ЕУ, а присутни ќе бидат многу млади луѓе од различни земји.