Тоа што етничките заедници во македонското мултиетничко општество сè помалку се разбираат меѓу себе е резултат на политичките влијанија, а не на предрасуди, сметаат упатените кои го делат впечатокот дека многу малку Македонци го знаат албанскиот јазик, а младите Албанци, пак, сè помалку разбираат македонски, анализира Радио Слободна Европа.
„Имавме многу млади Албанци кои го зборуваа македонскиот јазик. Во денешно време сè помалку и помалку имаме млади Албанци кои го зборуваат македонскиот јазик. Не е тоа некој отпор кон јазикот, тоа е повеќе од политичка природа, од она што го донесе 2001 година и од кое не можеме да ги залечиме раните се уште“, вели Владо Димовски од Меѓународниот центар за меѓуетничка толеранција за РСЕ.
Употребата на албанскиот јазик во земјава останува спорна за претставниците на албанските политички партии, но и за албанската интелектуална јавност.
Политичкиот аналитичар и поранешен пратеник Насер Зибери вели дека од правен аспект спорни се многу делови од законите кои го регулираат прашањето за употреба на јазиците.
Димовски, кој е наставник во мешаното основно училиште „Алија Авдовиќ“ во село Батинци вели дека на работното место меѓуетничката толеранција е на солидно ниво. Сепак смета дека и Македонците и Албанците не се подготвени за воведување на задолжително учење на јазикот на другата етничка зедница во училиштата.
Учењето на јазикот на другата етничка заедница треба да биде факултативно, се согласува и Зибери.
“Треба да е на доброволна основа и како потреба да го познаваат албанскиот јазик за подобра комуникација и за познавање не само меѓу себе, туку и со културата на Албанците во Македонијa“, додава Зибери.
Целиот текст прочитајте го на веб-страницата на РСЕ.