Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Злоупотребувани и манипулирани, со ограничена слобода на изразување и ниски плати, младите новинари во државата сè почесто ја напуштаат професијата за која сонувале од детството. Нивниот ентузијазам за чување на јавниот интерес нагло исчезнува поради општествените случувања и недоволната подготовка за „реалниот свет на медиумите“.
Првата генерација на новинари при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје пред четири децении броела 120 млади луѓе кои тежнееле да бидат новиот глас на граѓаните и коректори на власта. Денес, нивниот број не надминува повеќе од 20-мина. Уште полоша е сликата и на Државниот универзитет во Штип „Гоце Делчев“ каде годинава се запишале само двајца студенти по новинарство.
Идната новинарка Евгенија Јанакиеска од Скопје вели дека многу студенти се чувствуваат безвредно откако ќе завршат факултет, или пак во текот на студиите се чувствуваат недоволно стимулирани, дека ја погрешиле професијата и се плашат дека нема да најдат работа. Според неа, стравот е резултат на негрижата на целото општество.
„Новинарството и новинарите кај нас, веќе сто пати е споменато, се од онаа стара школа, чиј според мојот впечаток, главен мотив се парите и популарноста која ја носи пред се ТВ новинарството. Неколкумина го држат тој бизнис и си играат плурализам во медиумите. Тоа е една од причините поради која нема место за млади новинари кои навистина би работеле новинарство, а не би биле бесплатна работна рака, туку навистина би имале можност за континуирано учење во работата и секако моќ и грб да ги решат проблемите кои ги имаат како работници“, вели Јанакиеска.
Таа не жали што се запишала на студиите по новинарство при УКИМ, иако признава дека факултетот не е во своите „најсјајни денови“. Според Јанакиеска, студиите треба да се обноват за да бидат во тек со новитетите во светот, но и да ги оспособува студентите како правилно и критички да размислуваат и набљудуваат.
Нејзиниот колега од Прилеп, Сунаи Сабриоски, кој веќе работи како новинар во една од националните телевизии, вели дека имал големи можности за време на своите студии, но благодарение на неформалното образование.
„Голем дел од моите колеги за време на студиите беа оневозможени или беа недоволно информирани каде да обавуваат пракса и како да почнат да се занимаваат со оваа професија“, вели тој.
Според Сабриоски, проблемите треба се бараат во постоечките наставни програми. Курикулумите на студиите по новинарство се застарени и не ја нудат сржта на новинарството, вели тој. Сабриоски смета дека треба да се дозволи поаналитичен пристап, а тоа како што вели, не може само преку теорија, туку и низ пракса со ментори.
„Во амфитеатрите покрај теоријата, многу битен фактор е и практичниот дел. Утре кога ќе излезат студентите на терен и ќе се соочат со реалноста, различна од онаа во теоријата, доаѓаат до тоа колку се способни да се носат со оваа професија и ќе ја препознаат пропагандата, и нема да излезат со скршена кичма“, смета тој.
Локалните медиуми оставени на маргините
Клучниот момент за Сабриоски да влезе во оваа професија била неговата улога да отвора прашања кои ја интересираат јавноста. Но, тој не размислува да се врати во Прилеп да работи новинарство бидејќи како што вели, сè помалку има можностите за еден млад новинар во помал град.
„Сè се врти околу градот Скопје, поголемите збиднувања се случуваат тука, а многу помал акцент се става на локалните. Од друга страна, е технички аспект. Скоро и да ги нема локалните медиуми во етерот. Потоа, има помала диманика и не дозволува истакнување во својата работа“, образложува Сабриоски.
„Ниските плати, исто така, се голем дел од причините кај голем дел од младите новинари, кои веќе започнале да се занимаваат со оваа професија да се откажат и да профилираат во други професии, или да си заминат надвор од државата“, додава тој.
Финансиската состојба во локалните медиуми оневозможува тие да вработуваат млад кадар кој ќе биде добро платен. Па така, тие опстојуваат најчесто со веќе докажани новинари, од кои еден е и монтажер и снимател. Со ова се согласува и Игор Стојанов, главен и одговорен уредник на студентското радио при УГД.
Студиите по новинарство и односи со јавност во Штип нудат практична настава, така што има радио, телевизија, весник и центар за односи со јавност. Но, ниту ова не ги привлекло младите.
Нивното истражување за состојбата на медиумите во Источна Македонија покажало катастрофални податоци – 90 отсто од новинарите од овој регион земаат помала плата од просечната.
„Тоа значи дека студентите немаат избор каде да работат. Тие гледаат дека во Источна Македонија работата во медиум е пред сè финансиски неисплатливо. Мислам дека како млади луѓе немаат предизвик за професијата“, смета Стојанов.
Потребни се реформи во студиите по новинарство
Неатрактивноста на студиите по новинарство се должи на повеќе причини, меѓу кои и драстичниот пад на квалитетни содржини во медиумите и партизираноста, заклучува Стојанов.
„Првиот контакт на студентите со професијата се медиумите што ги гледаат. Тие пред да станат студенти, се публика. Може да видат сериозна непрофесионалност, партизираност, необјективност, наспроти она што може да го видат во глобалните медиуми кои денес им се достапни“, вели тој.
Надополнува дека причината се и внатрешните пречки на универзитетите, каде според него, отсуствува кадар.
„Имаме проблем да најдеме едуцирани професори кои би придонеле во квалитетот на програмите. Евидентен е и недостатокот на литература“, забележува Стојанов.
Според него, како што државата дава стипендии и финансиска поддршка за студентите по медицина, треба да го стори истото и за студиите по новинарство, затоа што како што вели Стојанов, играат важна улога во градењето на демократијата.
„Без квалитетно новинарство, не можеме да зборуваме за демократија. Државата остава новинарството стихијно да опстојува“, смета тој.
Јасна Бачовска, раководителка на студиите по новинарство и односи со јавноста на Правниот факултет при УКИМ верува во младите генерации, кои како што нагласи, доаѓаат пообразовани, познавајќи повеќе јазици и технологии.
„Ние како образовен систем сè уште не сме подготвени да им понудиме на тие нови генерации соодветно учење. Образовниот систем е конзервативен и тука има судир“, посочува таа.
Незаинтересираноста кон нивните студии ја гледа во постојаната злоупотреба на медиумите, загрозеноста на слободата на изразување, како и немањето работни услови. Според неа, клучен фактор е материјалниот статус на новинарот.
„Подруго било на почетокот кога новинарството се сметало за авангарда, кога најпаметните луѓе биле новинари. Но, за да немате корумпирано судство, треба на судијата да му дадете висока плата, иманентна на онаа што тој ја вложува во образование и на ризикот. Исто така и новинарот треба да биде платен за да не биде подложен на корупција или страв за егзистенција“, вели Бачовска.
Но, постои и друг вид на цензура – автоцензурата.
„Имаме промена на власта и тоа го зборуваат и нашите колеги кои работат во медиумите – да, сега нема таков притисок што ќе се објави, но има недостаток на одговорање на прашања од јавен интерес. Значи, не во таква мера, но пак ни се случува да имаме недостиг на плурализам на мислења“, вели Александра Теменугова од Центарот за комуникациски студии.
Според неа, општествените случувања во последната деценија се одразиле и врз новинарството, потсетувајќи дека редакциите произведувале навивачки приказни и фаворизирање, а новинарите станале држач за микрофон.
„Имавме владино рекламирање и огласување. Тоа е буквално легализирање на корупцијата во медиумите. Имавме класична цензура и автоцензура кај новинарите. Имавме послушни уредници кои несомнено ни го масакрираа занаетот“, вели таа.
Центарот за комуникациски студии од каде доаѓа Теменугова претходно функционираше како Висока школа за новинарство и односи со јавноста. Тие повеќе не запишуваат нови генерации на студенти, бидејќи како што подвлече Теменугова, во образованието се случиле премногу реформи за краток период, а една од нив се дисперзираните студии.
„Пред да почнеме направивме една физибилити студија, која беше правена во едни други услови со други образовни политики. Од 2008 до 2016 година, нам ни се случи – образованието е сила, образованието е моќ. Тоа беше време на дисперзирани студии. Високото образование стана лесно достапно за многумина. Второ, тоа образование на многумина им одговараше затоа што беше поевтино. Поедноставно е да студираш ако живееш во Македонска Каменица, отколку да дојдеш во Скопје“, образложува таа.
И Теменугова предлага обнова на наставните програми. Според неа, потребна е пракса, но и познавање од претприемништвото.
„Дали е тоа во тек со новите трендови во новинарството, каде буквално ни се случува нова дигитална револуција и на коешто новинарите треба да бидат одговорни за повеќе работи. Значи, ја нема онаа класична традиционална слика за новинар, туку имаме новинар којшто за да работи во редакција треба да поседува многу повеќе вештини, вклучувајќи освен техники на изразување и пишување, да се стекнат и со вештини кои значат техничко уредување на медиумскиот производ, тука мислам на мултимедијалниот израз“, предлага таа.
Младите Сабриоски и Јанакиеска се надеваат дека во иднина ќе се подобри ситуацијата во медиумите и дека новинарите повторно ќе бидат клучна карика во секој медиум. Бачовска и Стојанов се надеваат дека ќе се случи вмрежување на универзитетите со цел поврзување на кадар и ресурси, но и да им се даде поголем простор и независност на студиите по новинарство. Теменугова, пак, не ја изостава и медиумската писменост како главен фактор за подобрување на медиумските содржини.
Емилија Петреска
-
Gazetarët e rinj – një kohë avangardë, sot mbajtës të mikrofonit
09/10/2018- LAJME, QYTETARË
Të keqpërdorur dhe manipuluar, me liri të kufizuar të shprehjes dhe paga të vogla, gazetarët e rinj në vendin tonë gjithnjë e më tepër e braktisin profesionin për të cilin kanë ëndërruar që nga fëmijëria. Entuziazmi i tyre për rruajtjen e interesit publik po zhduket me hapa të shpejtë për shkak të ndodhive politike dhe përgatitjes së pa mjaftueshme për “botën reale të mediave”.
Gjenerata e parë e gazetarëve pranë Fakultetit Juridik ” Justiniani i Parë” në Shkup para katër dekadave ka numëruar 120 të rinj të cilët kanë synuar të jenë zëri i ri i qytetarëve dhe korrigjues të pushtetit. Sot, numri i tyre nuk kalon më tepër se 20 veta. Edhe më e keqe është gjendja në Universitetin në Shtip “Goce Dellçev” ku këtë vit janë regjistruar vetëm dy studentë në gazetari.
Gazetarja e ardhshme Evgenija Janakieska nga Shkupi thotë se shumë studentë ndihen të pa sigurt pasi përfundojnë fakultetin, ose gjatë studimeve ndihen pa mjaftueshëm të stimuluar, se e kanë gabuar profesionin dhe kanë frikë se nuk do të gjejnë punë. Sipas saj, frika është si rezultat i mos kujdesit nga e gjithë shoqëria.
Evgenija Janakievska
“Gazetaria dhe gazetarët tek ne, tani më njëqind herë është përmendur, janë të asaj shkollë të vjetër, motivi kryesor së cilës sipas mua, janë paratë dhe popullariteti të cilin e ofron para së gjithash TV gazetaria. Disa e mbajnë këtë biznes dhe luajnë pluralizëm në media. Ky është një nga shkaqet për të cilat nuk ka vend për gazetarë të rinj të cilët vërtet do të punojnë gazetarinë, ndërsa nuk do të jenë dorë pune e pa paguar, por vërtet do të kenë mundësi për mësim të vazhdueshëm gjatë punës dhe sigurisht fuqi dhe shpinë t’i zgjedhin problemet të cilat i kanë si punëtorë”, thotë Janakieska.
Ajo nuk pendohet që është regjistruar në studimet e gazetarisë pranë UKM, edhe pse pranon se fakulteti nuk ndodhet në “ditët e tij më të shkëlqyera”. Sipas Janakieska, studimet duhet të ri freskohen që të jenë në rrjedhë me risitë në botë, por edhe t’i aftësojnë studentët se si në mënyrë të drejtë dhe kritike të mendojnë dhe të mbikëqyrin.
Kolegu i saj nga Prilepi, Sunai Sabrioski, i cili tani më punon si gazetar në një nga televizionet nacionale, thotë se ka pasur mundësi të mëdha gjatë studimeve, por duke ju falënderuar arsimit jo formal.
“Numër i madh i kolegëve të mi gjatë studimeve ishin të pa mundësuar ose jo mjaftë të informuar ku të kryejnë punën praktike dhe si të fillojnë të merren me këtë profesion”, thotë ai.
Sunai Sabrioski
Sipas Sabrioski, problemet duhet të kërkohen në programet mësimore aktuale. Kurikulat e studimeve për gazetari janë të vjetërsuara dhe nuk e ofrojnë thelbin e gazetarisë, thotë ai. Sabrioski konsideron se duhet lejuar qasje më analitike, ndërsa kjo siç thotë ai, nuk mund të ndodhë vetëm nëpërmjet teorisë, por edhe nëpërmjet praktikës me mentorë.
“Në amfiteatrot përpos teorisë, faktor shumë i rëndësishëm është edhe pjesa praktike. Nesër, kur do të dalin studentët në terren dhe do të përballen me realitetin, të ndryshëm nga ky në teori, arrijnë tek ajo se sa janë të aftë t’i bëjnë ballë këtij profesioni dhe do të identifikojnë propagandën, dhe nuk do të dalin me kurriz të thyer”, konsideron ai.
Mediat lokale janë lënë në margjinat
Momenti kryesor për Sabrioskin, të hyjë në këtë profesion ka qenë roli i tij të hapë çështje për të cilat interesohen qytetarët. Por, ai nuk mendon të kthehet në Prilep të punojë gazetari sepse siç thotë, gjithnjë e më pak ka mundësi për një gazetar të ri në qytet të vogël.
“Gjithçka rrotullohet rreth qytetit Shkup, ngjarjet më të mëdha ndodhin këtu, ndërsa theks shumë i vogël vendoset mbi ngjarjet lokale. Nga ana tjetër, është aspekti teknik. Pothuajse edhe nuk ka media lokale në etër. Pastaj, ka dinamikë më të vogël dhe nuk lejohet theksimi i punës tënde”, sqaron Sabrioski.
“Pagat e ulëta, gjithashtu, janë shkak madh te numri më i madh i gazetarëve të rinj, të cilët tani më kanë filluar të merren me këtë profesion të heqin dorë dhe të profilohen në profesion tjerët, ose të largohen jashtë shtetit.
Igor Stojanov
Gjendja financiare në mediat lokale pamundëson ato të punësojnë kuadër të ri, i cili do të jetë i paguar mirë. Kështu, ato mbijetojnë zakonisht me gazetarë të dëshmuar, nga të cilët një është edhe montues dhe incizues. Me këtë pajtohet edhe Igor Stojanov, redaktor kryesor dhe përgjegjës i radios studentore nga UGD.
Studimet e gazetarisë dhe marrëdhënie me publikun në Shtip, ofrojnë mësim praktik, kështu që ka radio, televizion, gazetë dhe qendër për marrëdhënie me publikun. Por, as kjo nuk i tërheq të rinjtë.
Hulumtimi i tyre në lidhje me gjendjen e mediave në Maqedoninë Lindore ka treguar të dhëna katastrofale – 90 përqind e gazetarëve nga ky rajon marrin rrogë më të ulët se mesatarja.
“Kjo do të thotë se studentët nuk kanë zgjedhje ku të punojnë. Ata shohin se në Maqedoninë Lindore puna në media është para së gjithash pa leverdi financiare. Mendoj se si të rinj nuk kanë sfidë për profesionin”, konsideron Stojanov.
Nevojiten reforma në studimet e gazetarisë
Jo atraktiviteti i studimeve të gazetarisë është si rezultat i më shumë shkaqeve, ndër të cilat edhe rënia drastike e përmbajtjeve cilësore në media dhe partizimi, konkludon Stojanov.
“Kontakti i parë i studentëve me profesionin, janë mediat të cilat i ndjekin. Ata para se të bëhen studentë, janë publik. Mund të shohin jo profesionalizëm serioz, partizim, jo objektivizëm, përkundër asaj që mund ta shohin në mediat globale të cilat sot i kanë të qasshme”, thotë ai.
Shton se shkak janë edhe pengesat e brendshme të universitetit, ku sipas tij, mungon kuadër.
Kemi problem të gjejmë profesorë të edukuar të cilët do të kishin kontribuuar në cilësinë e programeve. Evidente është mungesa e literaturës”, thekson Stojanov.
Sipas tij, siç jep shteti bursa dhe mbështetje financiare për studentët e mjekësisë, të njëjtën duhet ta bëjë edhe për studentët e gazetarisë, sepse siç thotë Stojanov, luajnë rol të rëndësishëm në ndërtimin e demokracisë.
“Pa gazetari cilësore, nuk mund të flasim për demokraci. Shteti e lë gazetarinë të mbijetojë në mënyrë spontane”, mendon ai.
Jasna Baçovska, udhëheqëse e studimeve të gazetarisë dhe marrëdhënie me publikun në Fakultetin Juridik pranë UKM, beson se gjeneratat e reja, të cilat siç theksoi ajo, vijnë më të arsimuar, njohin më tepër gjuhë dhe teknologji.
“Ne si sistem arsimor, ende nuk jemi të përgatitur t’ju ofrojmë gjeneratave të reja mësim përkatës. Sistemi arsimor është konservativ dhe këtu ka konflikt”, thotë ajo.
Mos interesimin ndaj studimeve të tyre e sheh në keqpërdorimin e vazhdueshëm të mediave, cenimin e lirisë së shprehjes, si dhe në mos pasjen e kushteve të punës. Sipas saj, faktor kryesor është statusi material i gazetarit.
“Në fillim ka qenë më ndryshe kur gazetaria është konsideruar si avangardë, kur njerëzit më të mençur kanë qenë gazetarë. Por, që të mos keni gjyqësor të korruptuar, duhet gjykatësit t’i jepni rrogë më të lartë, përkatëse me atë që e investon ai në arsimim dhe përkatëse e rrezikun. Gjithashtu, edhe gazetari duhet të paguhet që të mos i nënshtrohet korrupsionit ose frikës për ekzistencë”, thotë Baçovska.
Por, ekziston edhe lloj tjetër i censurës – auto censura.
“Kemi ndryshim të pushtetit dhe këtë e flasin edhe kolegët tanë të cilët punojnë në media – po, tani nuk ka presion të tillë i cili do të publikohet, por ka mungesë të përgjigjes ndaj çështjeve me interes publik. Domethënë, jo në atë masë, por përsëri na ndodh të kemi mungesë të pluralizmit të mendimit”, thotë Aleksandra Temenugova nga Qendra për Studime të Komunikimeve.
Sipas saj, ngjarjet shoqërore dekadën e fundit janë reflektuat edhe mbi gazetarinë, duket sugjeruar se redaksitë kanë prodhuar tregime tifozerie dhe favorizime, ndërsa gazetarët janë bërë mbajtës të mikrofonit
“Kishim reklamim qeveritar dhe reklama. Kjo tekstualisht paraqet legalizim të korrupsionit në media. Kishin censurë klasike dhe auto censurë tek gazetarët. Kishim gazetarë të dëgjueshëm të cilët pa dyshim na e masakruan zanatin”, thotë ajo.
Qendra për Studime të Komunikimeve, prej nga vjen Temenugova, paraprakisht ka funksionuar i Shkollë e lartë për gazetari dhe marrëdhënie me publikun. Ata nuk regjistrojnë më gjenerata të reja të studentëve, sepse siç theksoi edhe Temenugova, në arsim kanë ndodhur reforma për periudhë të shkurtë, ndërsa njëra prej tyre janë studimet e disperzuara.
“Para se të fillojmë, bëmë një studim fizibiliteti, i cili u realizua në kushte të tjera dhe me politika të tjera arsimore. Nga viti 2008 deri në vitin 2016, ne na ndodhi arsimi është fuqi, arsimi është forcë. Kjo ishte koha e studimeve të disperzuara. Arsimi i lartë u bë lehtësisht i qasshëm për shumicën. E dyta, ky arsimim shumë vetave ju konvenonte, sepse ishte shumë i lirë. Është më thjeshtë të studiosh nëse jeton në Makedonska Kamenica, sesa të vish në Shkup”, sqaron ajo.
Edhe Temenugova propozon rifreskimin e programeve arsimore. Sipas saj, nevojitet praktikë, por edhe njohuri për sipërmarrësi.
“A është kjo në rrjedhë me trendët në gazetari, ku tekstualisht na ndodh revolucion i ri digjital dhe për të cilin gazetarët duhet të jenë përgjegjës për më shumë punë. Do të thotë, mungon ai imazh klasik tradicional për gazetar, por kemi gazetar i cili për të punuar në redaksi duhet të posedojë shumë më tepër shkathtësi, përfshirë përpos teknikave të shprehjes dhe shkrimit, të pajisjen edhe me shkathtësi të cilat do të thonë rregullimin e produkteve mediatike, këtu mendoj për shprehjen multi mediale”, propozon ajo.
Të rinjtë Sabrioski dhe Janakieska, shpresojnë se në të ardhmen do të përmirësohet situata në mediat dhe se gazetarët përsëri do të jenë kritiku kryesor në çdo media. Baçovska dhe Stojanov, shpresojnë se do të ndodhë rrjetëzimi universiteteve me qëllim lidhjen e kuadrit dhe resurseve, por edhe tu jepet hapësirë me e madhe dhe pavarësi studimeve të gazetarisë. Temenugova, nga ana tjetër, nuk e anashkalon edhe arsimimin mediatik si faktorin kryesor për përmirësimin e përmbajtjeve mediatike.
Emilija Petreska
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.