Во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество на 24-ти април 2013 беше реализирана посета на Основниот Суд – Делчево. На средбата присуствуваа дваесетина млади од општина Делчево, а како претставници на Основниот суд беа Младен Арсениев, лице за односи со јавноста, како и судијата – претседател на Основниот Суд во Делчево Илија Попов.
На почетокот на посетата лицето за односи со јавноста го претстави Основниот суд со неговата структура на вработени, година на основање, неговите ингеренции и надлежности. Меѓу другото посетата се состоеше од присуство на рочиште за надомест на штета, од мала вредност. Учесниците на посетата беа присутни за време на целото рочиште, а по заминувањето на странките, дополнително им беше објаснета постапката во граѓанското право. Исто така беше направена обиколка на судската администрација и посета на одделението за информатика, канцеларијата за односи со јавност, просториите на судската полиција и канцелариите на Јавниот обвинител.
На крајот од посетата надлежните претставници на судот одговараа на прашања поставени од страна на учесниците. Посетата беше оценета како многу корисна и успешна.