Во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество во четвртокот (21 ноември 2013 год) беше реализирана посета на Основниот Суд – Кратово. На посетата присуствуваа дваесетина млади од општина Кратово, претежно средношколци.
На почетокот на посетата претставникот за односи со јавноста, Диме Петрушевски, го претстави Основниот суд во Кратово и неговата месна и стварна надлежност. Исто така беше направена обиколка на просториите од зградата на судот, при што на учесниците им беше објаснета нивната намена и се запознаа со дел од судската администрација.
Притоа беше извршена и посета на судници, каде што на учесниците на посетата им беа објаснети граѓанската и кривична постапка и беа подетално запознаени со формалните правила и текот на одржување на судските рочишта.
Во текот на целата посета Петрушевски одговараше на сите прашања поставувани од страна на учесниците, а посетата беше оценета како многу корисна и успешна.