Младите од Тетово годинава за првпат се вклучија во V-DAY – глобалното активистичко движење за запирање на насилството врз жените и девојките. Вчера, 50-на волонтери одржаа перформанс со кореографија преку кој испратија силна порака за запирање на насилството врз жените. Исто така, на платото пред Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ млади музичари од градот, членови на медиа арт клубот на МОФ одржаа мал концерт.
Учесниците на перформансот со голема желба активно се подготвуваа изминативе две недели. Тетовци заинтересирано го проследија настапот, а активистите од граѓанските организации Младински образовен форум, ЛОЈА, Женски форум и ЛГБТ Јунајтед им ја објаснија целта на настанот, кој се одржува како дел од кампањата „One Billion Rising“.
Во продолжение може да го погледнете и видеото од настанот:
Текст и фотографии: Елена Мишевска, Бобан Костадиновски
Видео: Ханис Багашов