Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Кај младите расте евроскептицизмот, но оние кои веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската Унија, просечно сметаат дека тоа ќе се случи во 2026 година. Само една третина од младите сметаат дека властите се запознаени со потребите и проблемите на младите луѓе, но повеќе од половина од испитаниците, ретко или никогаш не ги следели политичките процеси во земјава. Најголем дел од испитаната македонска младина сака лидер со цврста рака, но од друга страна се забележува раст на либералните ставови, односно ЛГБТИ лица и жени во политика.
Дури 43 отсто од испитаните млади веруваат дека мала група на моќници ја создале пандемијата за да го контролираат светот. Кога станува збор за теориите на заговор, испитаните млади кои што одговориле дека државата не ја менаџира добро ковид-кризата, се поподложни на теории на заговор.
Ова се само дел од податоците кои се претставени во истражувањето „Социо-политичко учество на младите: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања“, изработено од страна на Младинскиот образовен форум и Фондацијата за демократија Вестминстер во 2020 година. Истражувањето беше објавено по повод Меѓународниот ден на младите. За истражувањето, испитани биле 1 133 млади лица на возраст од 15-35 години, кои одговарале на прашања поврзани со социо-политичкото учество на младите, но и за нивните ставови во контекст на Ковид-19 пандемијата.
Влез во ЕУ во 2026 година и младинското учество во политичките процеси
Според истражувањето, 44 отсто од младите веруваат дека државата ќе стане членка на ЕУ, а просечната година во која сметаат дека тоа може да се случи е 2026 година. Од друга страна пак, 56 отсто ретко или никогаш не ги следат и не се заинтересирани за политичките настани и случувања во земјата.
Само 8 отсто од испитаните млади биле вклучени или консултирани од институциите при носење на одлуки на локално и централно ниво. 16,3 отсто од испитаните млади биле вклучени на локално ниво, а 2,8 отсто на централно. 69,4 отсто од испитаните млади не биле вклучени, ниту консултирани за политиките.
77,5 отсто од испитаните млади сметаат дека е потребен лидер со цврста рака, а 18,3 од испитаниците не се сложуваат со овој став. Од испитаните, 74,7 отсто млади гласале на парламентарните избори во 2020 година.Две третини од младите (64,8%) се незадоволни од своето место во општеството. Помалку од една четвртина (23,8%) од младите сметаат дека државата се движи во правилна, а 35,4% во погрешна насока.
Димитар Низамовски, извршниот директор на Младинскиот образовен форум, забележува дека од периодот на првиот дел од истражувањето на оваа тема, генерално е зголемен евроскептицизмот, но се увидува раст во оптимизмот дека земјава ќе влезе во ЕУ до 2026 година.
„Споредено со претходното истражување од 2019 година кога го истраживме нивното задоволство за патот кон ЕУ, забележуваме пад, меѓутоа во меѓувреме се случија многу важни промени. Најпрво Франција ја ревидираше преговорачката методологија, односно стави вето на потенцијалниот влез на Северна Македонија во ЕУ, второ се случува условување од нашиот источен сосед, Република Бугарија, која што оспорува некои моменти со што го попречува патот кон ЕУ и третиот е генерално, кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и токму поради ова забележуваме малку повисок евроскептицизам. Младите некако стануваат попесимистични дека Северна Македонија ќе влезе во Европската Унија“, вели Низамовски.
Тој истакнува дека наведената просечна година за влез во ЕУ- 2026, е прилично високо и нереално очекување кое можеби е резултат на потфрлање на формалниот образовен систем во однос на евроинтеграциските политики, Но, од друга страна додава дека е висок процентот на млади (речиси 70 отсто) кои не ги следат и не се информираат за актуелните политички и социјални случувања.
„Се уште е прилично ниско нивото на кое што младите се консултирани од институциите во однос на младинските барања, прашања и политики. Она што охрабрува е тоа, дека младите самоиницијатнивно преземаат повеќе активности за да го подобрат своето учество во политичкиот живот и генерално да си ја подобрат својата состојба и за разлика од претходното истражување, овој процент е повисок и дополнително е зголемен процентот на луѓе кои што се задоволни од исходот на овие преземени политики, односно за 17 отсто е повеќе во однос на оној кој што нешто преземале и бил соодветно одговорено или адресирано од страна на локалните власти“, продолжува Низамовски.
Од МОФ потенцираат дека интересно е да се забележи растот на либералните ставови на младите. Од испитаните, скоро две третини од младите не се сложуваат со ставот дека мажите се подобри политичари од жените, а исто така се забележува и прифаќањето на ЛГБТИ претставници во политиката, но и зголемен интерес за млади политички претставници.
Низамовски истакнува дека напредокот во однос на либералните вредности се должи на заложбите на граѓанскиот сектор, преку граѓанските активности и истражувања на терен кон влијаат врз јавното мислење но и од владината поддршка за промени во образованието и генералната поддршка на ЛГБТИ+ политиките. Сепак, според него, ставот за лидер за цврста рака е знак дека потребни се дополнителни промени во формалното образование.
„Кога станува збор за овие ставови и перпеции за лицер со цврста рака, од една страна мислам дека допрва треба да се работи на политичката култура на младите преку формалното и граѓанското образование и така доколку младите навистина се запознаат со она што е основа на една здрава демократија и демократски видувања и принципи, тогаш всушност ќе сфатат што значи тоа и како може истото да го интерпретираат“, објаснува Низамовски.
Младински интерес за теории на заговор
40,9% од анкетираните млади се незадоволни од начинот на справување со кризата од страна на државата, 31,4% се задоволни, додека 26,1% од младите ниту се задоволни, ниту незадоволни. Две третини од младите сметаат дека се потребни построги мерки за справување со корона вирусот од страна на властите.
Младите кои се во образовен процес се умерено задоволни од различните аспекти на образованието за време на КОВИД-19 кризата и со просечна оценка 3 го оценуваат задоволството од севкупниот квалитет на наставата, подготвеноста на образовните институции за одржување на настава на далечина, стекнатото знаење и интеракцијата со другите ученици.
Речиси 15% од младите пријавуваат намалена плата во текот на кризата, додека 6% ја изгубиле работата за време на кризата. Кај само многу мал дел од младите, нешто повеќе од 5%, пандемијата имала позитивно влијание, при што само 2,6%, се вработиле за време на кризата и исто толкав процент пријавуваат дека нивната плата се зголемила.
Скоро половина од младите (42,9%) веруваат дека пандемијата е вештачки создадена од мала група на моќни луѓе со цел да владеат со светот.
За подложеноста на младите кон теории на заговор, Низамовски потенцира дека домашната состојба не се разликува многу од состојбата во земјите членки на ЕУ.
„Ако нешто забележиме на европско ниво, денес благодарение на интернетот и социјалните мрежи, е дека за жал на европско ниво, дури и во самата Европска Унија, се зголемуваат оние ултрадесничарски радикални сили и расте донекаде евроскептицизмот, особено што земјите во централна и источна Европа донекаде чувствуваат блискост со земјите од Западен Балкан, па тоа некако се трансферира и врз нашите млади“, вели Низамовски.
Ивана Смилевска
-
Të rinjtë të prirë ndaj teorive të konspiracionit dhe politikave liberale, por ama duan një lider me dorë të fortë
Euro-skepticizmi po rritet tek të rinjtë, por ata që besojnë se vendi do të bëhet anëtar i Bashkimit Evropian, mesatarisht mendojnë se kjo do të ndodhë në vitin 2026. Vetëm një e treta e të rinjve mendojnë se autoritetet janë të vetëdijshme për nevojat dhe problemet e të rinjve, por më shumë se gjysma e të anketuarve rrallë ose kurrë nuk i kanë ndjekur proceset politike në vend. Shumica e të rinjve maqedonas të anketuar duan një lider me dorë të fortë, por nga ana tjetër ka një rritje të qëndrimeve liberale, përkatësisht LGBTI-ve dhe grave në politikë.
Rreth 43 për qind e të rinjve të anketuar besojnë se një grup i vogël njerëzish të fuqishëm krijuan pandeminë për të kontrolluar botën. Kur bëhet fjalë për teoritë e konspiracionit, të rinjtë e anketuar që janë përgjigjur se shteti nuk e menaxhon mirë kovid krizën janë më të ndjeshëm ndaj teorive konspirative.
Këto janë vetëm disa nga gjetjet e Anketës për “Pjesëmarrjen Sociale-Politike të të Rinjve: Pabarazia, Pasiguria dhe Pritjet e ndryshme”, të kryer nga Forumi Arsimor Rinor dhe Fondacioni Westminster për Demokraci në vitin 2020. Hulumtimi është publikuar me rastin e Ditës Ndërkombëtare të Rinisë. Për hulumtimin janë intervistuar 1 133 të rinj të moshës 15-35 vjeç, të cilët janë përgjigjur pyetjeve që kanë të bëjnë me pjesëmarrjen social-politike të të rinjve, por edhe pikëpamjet e tyre në kuadër të pandemisë Kovid-19.
Aderimi në BE në vitin 2026 dhe pjesëmarrja e të rinjve në proceset politike
Sipas sondazhit, 44% e të rinjve besojnë se vendi do të bëhet anëtar i BE-së dhe viti mesatar në të cilin mendojnë se kjo mund të ndodhë është viti 2026. Nga ana tjetër, 56% rrallë ose kurrë nuk i ndjekin dhe nuk janë të interesuar për ndodhitë dhe ngjarjet politike në vend.
Vetëm 8% e të rinjve të anketuar janë përfshirë apo konsultuar nga institucionet gjatë vendimmarrjes në nivel lokal dhe qendror. 16,3 përqind e të rinjve të anketuar ishin të përfshirë në nivel lokal dhe 2,8 përqind në nivel qendror. 69,4% e të rinjve të anketuar nuk ishin përfshirë apo konsultuar për politikat.
77,5 për qind e të rinjve të anketuar besojnë se nevojitet një lider me dorë të fortë dhe 18,3 për qind e të anketuarve nuk janë dakord me këtë pikëpamje. Nga të anketuarit, 74,7 për qind e të rinjve votuan në zgjedhjet parlamentare të vitit 2020.
Dy të tretat e të rinjve (64,8%) janë të pakënaqur me vendin e tyre në shoqëri. Më pak se një e katërta (23,8%) e të rinjve mendojnë se vendi po ecën në drejtimin e duhur dhe 35,4% në drejtimin e gabuar.
Dimitar Nizamovski, drejtor ekzekutiv i Forumit Arsimor Rinor, thekson se që nga pjesa e parë e hulumtimit për këtë temë, euro-skepticizmi në përgjithësi është rritur, por ka një rritje të optimizmit se vendi do të anëtarësohet në BE deri në vitin 2026.
“Krahasuar me sondazhin e mëparshëm të vitit 2019, kur kemi anketuar kënaqësinë e tyre për rrugën drejt BE-së, shohim një rënie, por ndërkohë kanë ndodhur ndryshime shumë të rëndësishme. Së pari, Franca rishikoi metodologjinë e negociatave, përkatësisht vuri veton për hyrjen e mundshme të Maqedonisë së Veriut në BE, së dyti, ka një kusht nga fqinji ynë lindor, Republika e Bullgarisë, që konteston disa momente që pengojnë rrugën drejt BE-së dhe së treti kriza e shkaktuar nga pandemia Kovid-19 dhe prandaj po shohim një euro-skepticizëm pak më të lartë. Të rinjtë po bëhen disi më pesimistë se Maqedonia e Veriut do të anëtarësohet në Bashkimin Evropian”, tha Nizamovski.
Ai thekson se viti mesatar i deklaruar për anëtarësim në BE – 2026, është një pritshmëri mjaft e lartë dhe joreale që mund të jetë rezultat i dështimit të sistemit arsimor formal në aspektin e politikave të integrimit evropian, por nga ana tjetër shton se përqindja e të rinjve është e lartë (pothuajse 70 për qind) të cilët nuk ndjekin dhe nuk janë të informuar për zhvillimet aktuale politike dhe sociale.
“Niveli në të cilin të rinjtë konsultohen nga institucionet për kërkesat, çështjet dhe politikat e të rinjve është ende mjaft i ulët. Ajo që është inkurajuese është se të rinjtë po ndërmarrin më shumë veprime me iniciativën e tyre për të përmirësuar pjesëmarrjen e tyre në jetën politike dhe përgjithësisht për të përmirësuar situatën e tyre, dhe ndryshe nga hulumtimet e mëparshme, kjo përqindje është më e lartë ndërsa është rritur edhe përqindja e njerëzve që janë të kënaqur me rezultatin e këtyre politikave, gjegjësisht 17 për qind më tepër në raport me atë se është ndërmarrë diçka dhe është dhënë përgjigje përkatëse ose është adresuar nga autoritetet lokale”, thotë Nizamovski.
Nga FAR theksojnë se është interesante të vërehet rritja e qëndrimeve liberale të të rinjve. Nga të anketuarit, pothuajse dy të tretat e të rinjve nuk pajtohen me mendimin se burrat janë politikanë më të mirë se gratë, dhe ka gjithashtu pranim të përfaqësuesve LGBTI në politikë, por edhe rritje të interesit për politikanët e rinj.
Nizamovski thekson se progresi në aspektin e vlerave liberale është falë përpjekjeve të sektorit të shoqërisë civile, përmes aktiviteteve qytetare dhe hulumtimeve në terren për të ndikuar në opinionin publik, por edhe nga mbështetja e qeverisë për ndryshimet në arsim dhe përkrahja e përgjithshme për politikat LGBTI+. Megjithatë, sipas tij, qëndrimi për lider me dorë të fortë është shenjë se duhen ndryshime shtesë në arsimin formal.
“Kur bëhet fjalë për këto qëndrime dhe perceptime për lider me dorë të fortë, nga njëra anë mendoj se duhet të punojmë ende në kulturën politike të të rinjve përmes edukimit formal dhe qytetar dhe kështu nëse të rinjtë vërtetë janë të njoftuar me atë që është baza e një demokracie të shëndetshme dhe pikëpamje dhe parime demokratike të shëndetshme, atëherë në fakt do të kuptojnë se çfarë do të thotë kjo dhe si mund ta interpretojnë”, shpjegoi Nizamovski.
Interesimi i të rinjve për teoritë konspirative
40,9% e të rinjve të anketuar janë të pakënaqur me mënyrën se si shteti ballafaqohet me krizën, 31,4% janë të kënaqur, ndërsa 26,1% e të rinjve nuk janë as të kënaqur dhe as të pakënaqur. Dy të tretat e të rinjve besojnë se nevojiten masa më të rrepta për ballafaqim me koronavirusin nga autoritetet.
Të rinjtë në procesin arsimor janë mesatarisht të kënaqur me aspektet e ndryshme të arsimit gjatë krizës së KOVID-19 dhe me notën mesatare 3 vlerësojnë kënaqësinë me cilësinë e përgjithshme të mësimdhënies, gatishmërinë e institucioneve arsimore për mbajtjen e mësimit në distancë, njohuritë e fituara dhe ndërveprimin me nxënësit e tjerë.
Pothuajse 15% e të rinjve raportojnë ulje të pagave gjatë krizës, ndërsa 6% humbën punën gjatë krizës. Vetëm te një pjesë shumë e vogël e të rinjve, pak më shumë se 5%, pandemia pati një ndikim pozitiv, gjatë çka vetëm 2,6% e të punësuar gjatë krizës dhe po aq përqind raportojnë se pagat e tyre ishin rritur.
Pothuajse gjysma e të rinjve (42,9%) besojnë se pandemia është krijuar artificialisht nga një grup i vogël njerëzish të fuqishëm për të sunduar botën.
Në lidhje me ekspozimin e të rinjve ndaj teorive të konspiracionit, Nizamovski theksoi se situata e brendshme nuk është shumë e ndryshme nga ajo në vendet anëtare të BE-së.
“Nëse vëmë re diçka në nivel evropian, sot falë internetit dhe rrjeteve sociale, është se fatkeqësisht në nivel evropian, edhe në vetë Bashkimin Evropian, forcat radikale të ekstremit të djathtë po rriten dhe po rritet euro-skepticizmi në një masë të caktuar, sidomos që vendet e Evropës Qendrore dhe Lindore ndihen disi të afërt me vendet e Ballkanit Perëndimor, kështu që në njëfarë mënyre kjo bartet edhe te të rinjtë tanë”, tha Nizamovski.
Ivana Smilevska