Најголем број од младите Бугари слушаат турбо фолк музика, сакаат да започнат приватен бизнис, редовно користат Интернет како средство за комуникација. На прашањата за тоа што какви желби имаат младите, кои се нивните вредностите и претстави за успех, како живеат, одговор дава студијата од Националниот центар за проучување на јавното мислење во Бугарија, објави Труд.
Истражувањето покажало дека желба на младите во Бугарија да имаат плата од 1220 лева, а високите примања се на прво место при изборот на работа. Во 2013 година износот под кој еден млад човек не би тргнал на работа е два пати поголема од минималната плата или 566 лева. Сепак, покажала анализата, 11% од интервјуираните ќе прифатат работа дури и за сума под минималната плата од 310 лева, главно жени, студенти, нискообразовани лица и млади кои живеат во села и мали градови. Со највисоки очекувања за добра плата се жителите во Софија.
70% од младите изјавиле дека ќе работат, дури и ако се материјално обезбедени. Тоа се најчесто оние на возраст 30-35 година и имаат високо образование. Тинејџерите припаѓаат главно во оние 30% кои не би работеле ако имаат многу пари.
За последните 3 година сепак барањата на младите на работното место се растат. Од работата очекуваат повеќе можности за комуникација со луѓето, за раст во кариерата, за патување во странство и јавно признание. Најпрестижната работа во очите на младите е да имаат свој бизнис. Тоа е мислењето на 41% од интервјуираните, додека 30% сакаат да работат во државна администрација.
Сепак, интересот за државната работа е зголемен бидејќи во 2010 година таа била посакувана само од 23% од младите во Бугарија.
Во приватниот пак сектор претпочитаат да работат 22% од испитаниците. Правник, лекар и IT специјалист се најпосакуваните професии на младите луѓе од 2005 година досега. Во 2013 година, сепак, сосема нетипично за оваа земја, расте интересот за професијата наставник,главно поради зголемувањето на приходите на наставниците во средното училиште.
На прашањето, што е поважно – животниот стандард или образованието, одговорите на младите Бугари се поделени во сооднос 57:43. Расте и процентот на оние кои земаат приватни часови.
Само 4% од бугарските млади признале дека давале поткуп на наставниците, а 3% дека дале мито на вработени во училишната администрација. Сепак, посочуваат од Центарот кој го врши истражувањето, со оглед на тоа што поткупот е прекршок, процентот на давање мито веројатно е повисок.
Во последните 8 години за 13 % се намалува бројот на малдите кои слушаат поп-фолк, од 54% во 2005 на 41% годинава, додека 25% од младите изјавуваат дека слушаат рок. Значително намалување има во однос на слушањето бугарска народна музика – од 19% во 2005 година на 6% во 2013 година.
47,5% од најмладите меѓу 15 и 18 година слушаат попфолк, 18,45% – рап, 17,7% – рок. Со качувањето на возраста, процентот на слушатели на поп фолк постепено се намалуваат.
Половина од младите „четуваат“ секој ден, или дури 90% од најмладите – до 18 годин. Секојдневното гледање телевизија е основен начин за пополнување на слободното време кај 83% , а само 9,7% од анкетираните читаат во своето слободно време.
Денес младите Бугари без двоумење ги ставаат на прво место родителите (60%), а на второ место парите (58% ). Значајна промена има последните 3 години во односот кон Ромите. 15% од сите интервјуирани во 2010 година тврделе дека нивното мислење за Ромите е негативно и не комуницираат воопшто со нив. Во јуни 2013 година на оваа позиција веќе 23%.
37% од младите имаат крајно негативен став кон хомосексуалците, 31% кон лезбејките. Додека лезбејките се исто прифатени и кај жените и кај мажите, за хомосексуалците негативен став имаат главно машките испитаници.
Истражувањето во Бугарија е спроведено помеѓу 7 и 19 јуни, на примерок од 1100 испитаници на возраст меѓу 15 и 35 години низ целата земја, пишува Труд.