Млечниот пат би можел да биде многу поголем од досега познатото

Прстен од ѕвезди кој е завиткан околу Млечниот пат, како бран под и над релативно рамниот галатички простор, би можел да и припаѓа на самата галаксија. Ако се покаже дека ова е вистина, досегашната големина на галаксијата ќе се зголеми за 50%, а тоа ќе потегне низа интригантни прашања за тоа што ги  предизвикува овие бранови од ѕвезди.

Научниците користат податоци од „Sloan Digital Sky Survey“ за повторно анализирање на светлината и растојанието на ѕвездите од работ на галаксијата. Тие откриле дека работ на дискот е набран во гребени и бразди од ѕвездите.

„Ми изгледа дека можеби овие шеми ја следат спиралната структура на Млечниот Пат, така што тие можат да бидат поврзани“, вели за Дискавери астрономот Heidi Newberg, од Ренселаер, политехничкиот институт во Њујорк.

Таа и нејзините колеги се сомневаат дека помала галаксија се протнала во дискот на Млечниот Пат, предизвикувајќи бранувања, исто како кога камче ќе падне во езеро. Галаксијата „натрапник“ исто така може да прави спирални бранови, кои подоцна би можеле да предизвикаат спирална ѕвездена формација.

Доказ дека т.н. „Monoceros Ring“, кој се наоѓа на повеќе од 65.000 светлосни години од центарот на галаксијата, всушност е дел од Млечниот Пат, ја изненади Newberg, која беше дел од тимот кој го откри прстенот во 2002 година.

Вклучувањето на прстенот во мапата на Млечниот Пат го проширува обемот на галаксијата од 100.000 до 150.000 светлосни години, вели астрономот Yan Xu, од Националните астрономски опсерватории на Кина и поранешен визитинг – научник на институтот Ренселаер.

Светлината патува 186.000 милји во секунда, па една светлосна година е скоро 6 трилиони милји. Астрономите се желни за повисока резолуција, тродимензионален поглед на прстенот „Monoceros“ , и на уште еден прстен кој е уште подалеку, од „Europe’s Gaia telescope“.

Во меѓувреме , тие се заинтересирани за гледање на бранувањата на гасот во Млечниот Пат, кои се поврзани со она што е забележано и во ѕвездите. Истражувањето спроведено од Невберг и колегите ќе биде објавено оваа недела во „Astrophysical Journal“, јавува „Mashable“.