По пауза од неколку месеци поради пандемијата, Македонскиот народен театар ја започнува новата сезона со претставата „Говорна мана“ која е закажана за 14 октомври во 20 часот.
Но, овој пат тие ги канат медицинските лица кои се на првата борбена линија против Ковид-19, да ги остават белите мантили и да уживаат во актерската игра.
„Ги покануваме хероите на ова време – лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“, Детската болница — Козле, епидемиолозите и матичните лекари“, стои во објавата на МНТ.
„Говорна мана“ е работена според текстот на современиот автор Горан Марковиќ и во режија на Драгана Милошевска.
Во претставата играат: Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска.