Младински образовен форум (МОФ) во партнерство со Канцеларијата на Висок комесаријат на ООН за бегалци (УНЦХР) отвори повик за доставување понуди за креирање и спроведување младински театарски перформанс, во рамки на проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за лицата под мандатот на УНХЦР”.
Театарскиот перформанс, како што се посочува во повикот, пред се е наменет за млади лица од 15 до 29 години, кој, како што велат, ќе има за цел да ги информира, едуцира и да ја зајакне емпатијата и солидарноста помеѓу младите луѓе во врска со бегалците, барателите на азил или лицата без државјанство.
„Специфично, потребно е да се развие/креира младински перфоманс и да се спроведе во 5 различни градови во државата, односно по еден младински театарски перформанс по град“, се додава во повикот.
По повод повикот, најавена и е онлајн информативна сесија за сите заинтересирани апликанти која ќе се одржи на 10 јули напладне. Заинтересираните апликанти треба да испратат име и презиме и име на субјектот со кој што ќе аплицираат најдоцна до 7 јули на petar_barlakovski@mof.org.mk.
Рокот за поднесување на понудите е до 13 јули во 17 часот.
Сите детали за повикот се достапни на следниов ЛИНК.