Приклучи се на тимот на МОФ и Радио МОФ!
Младински образовен форум објавува Повик за Координатор/ка на Радио МОФ одговорен/на за координација на севкупната работа на Радио МОФ и обезбедување непречено и развојно функционирање на аудио платформата, веб платформата и другото медиумско дејствување на Радио МОФ.
Младински образовен форум (МОФ) е младинска заедница која овозможува образование за дебата, правна писменост, лични и професионални вештини; креира истражувања и политики; обезбедува медиумски простор и информираност; поддржува активизам, самоорганизирање и учество; за општествен развој на младите.
Радио МОФ претставува независен онлајн медиум кој споделува информативни и музички содржини, достапни на www.radiomof.mk. Програмата се состои од вести, покривање на актуелни настани и теми како образование и култура продуцирани од страна на новинари и млади луѓе.
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: Координатор/ка на Радио МОФ
ЛОКАЦИЈА: Канцеларија на МОФ, Скопје
ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ/КАТА:
- Да има навршено 18 (осумнаесет) години;
- Способност за работење во динамична работна средина;
- Способност да раководи и работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
- Способност за непречена комуникација со организации, институции и медиуми;
- Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
- Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
- Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
- Можност да работи за време на викенди;
- Можност да патува во рамките на државата и надвор од неа, за потребите на програмата и организацијата.
ПОТРЕБНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:
- Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан македонски и англиски јазик. Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
- Минимум завршено средно образование. Завршено високо образование во областа на комуникациски студии, односи со јавност, новинарство и/или менаџмент, ќе се смета за предност;
- Работно искуство во координирање и спроведување на проектни активности, што вклучува искуство во организација на настани, водење на социјални медиуми и познавање на останати алатки за информирање и промоција ќе се смета за предност;
- Искуство со работа во медиум (радио или веб-ориентиран медиум) е пожелно и ќе се смета за предност;
- Искуството со работа во невладин сектор и/или донаторски проекти е пожелно и ќе се смета за предност;
- Напредно познавање на MS Office алатките: Word, Excel и PowerPoint;
- Познавање на WordPress ќе се смета за предност.
ОПИС НА ГЛАВНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Исполнување на работно време од 40 работни часа неделно.
- Активна вклученост во исполнувањето на стратешките цели, приоритети и активности на МОФ и Радио МОФ;
- Одржување на редовна комуникација и координација со Извршниот директор, Програмскиот директор, Претседателот и Административниот директор на МОФ;
- Координира проекти на Радио МОФ и комуницира со донаторите и поддржувачите на Радио МОФ, во насока на редовно наративно и финансиско известување, како и во насока на развој на соработките;
- Обезбедува планирање, мониторинг и евалуација на работата на тимот на Радио МОФ (уредник, новинари, креатори на програмски аудио содржини, техничари, стрим тим, надворешни соработници);
- Се грижи за обезбедување редовни дневни и неделни, музички и програмски радио содржини и емисии на Радио МОФ;
- Креира и организира реализација на план за ефективна промоција на содржините на Радио МОФ преку онлајн и офлајн комуникации;
- Координира и обезбедува ангажмани на тимот на Радио МОФ за потребите на надворешни субјекти (видео стриминг во живо, медимски покривања и др.);
- Реализира редовни координации на тимот на Радио МОФ и се грижи за редовни состаноци на различните тимови во Радио МОФ;
- Контрола и креирање на содржини (печатени и дигитални) кои организацијата ги пласира во јавност, вклучувајќи соопштенија за медиуми, покани за медиуми и други содржини кои произлегуваат од проектните и програмските активности на организацијата;
- Се грижи за организација на обуки, менторства, јавни настани (музички, активистички, друштвени) и други активности на Радио МОФ;
- Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а;
- Учествува во обезбедување финансиска и ресурсна одржливост за работата на РадиоМОФ.
ШТО НУДИМЕ:
- Флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енергија и млади луѓе;
- Поддршка во исполнување на работните задачи;
- Двонасочна евалуација на перформансите со конкретни насоки за подобрување и личен развој;
- Проширување на мрежата на познанства со претставници на други организации и институции во земјава и странство;
- Можност за унапредување на лични и меки вештини;
- Учество на настани, конференции, семинари, обуки како претставник на МОФ.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?
Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 12.03.2023 година (недела) до 23:59 часот на info@mof.org.mk и teodora_stolevska@mof.org.mk, со назнака „Апликација за координатор/ка на Радио МОФ“со испраќање на:
– Биографија (CV) и
– Moтивациско писмо во должина до 1 страница.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју со комисијата составена од членови на Младински образовен форум.
Доколку имате дополнителни прашања, слободно обратете се на: info@mof.org.mk и teodora_stolevska@mof.org.mk.