Со почеток во 20 часот, на 9 август во установата „Бранд Петрушев“ во Богданци се отвора изложбата насловена „Моите омилени нешта“ на ликовниот уметник Менсур Бојда.
Како што најавуваат организаторите делата се инспирирани од функционалноста, како и од изработката на пијано што создава разновидност на емоции, пораки и идеи од едноставен склоп на правила, на зададен редослед на црно-бели копчиња.
Бојда е ликовен уметник кој во моментов живее и работи во Њујорк. Тој е фигуративен експресионист и неговиот интерест досега до различни ликовни дисциплини како сликарство, цртеж, графика, скулптура, илустрација и стрип.
Досега има повеќе од 20 самостојни изложби и многубројни групни и останати проекти, а неговите работи се изложуваат низ Европа, Америка и Азија.