По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик/Денот на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност, Министерството за образование и наука (МОН) распиша конкурс за есеј за учениците од основните училишта на тема „Мојот јазик – мост помеѓу мене и тебе”.
Право на учество на конкурсот имаат учениците од шесто до деветто одделение од основните училишта на територијата на Република Северна Македонија.
Есејот треба да биде оригинален и да ја осликува темата на конкурсот. Треба да биде напишан на јазикот на кој ученикот ја следи наставата во училиштето (македонски јазик, албански јазик, турски јазик, босански јазик и српски јазик) или на англиски јазик о да има од 200 до 300 зборови. На крајот на есејот потребно е ученикот да напише порака на зададената тема на јазик различен од јазикот на кој ја следи наставата.
Учениците кои ќе освојат прво место во секој од наставните јазици ќе бидат наградени, додека учениците кои ќе освојат второ и трето место ќе добијат признанија.
Изборот на наградените есеи ќе биде објавен на 25 февруари на веб-страницата на МОН.
Повеќе информации за конкурсот и начинот на пријавување може да се најде на следниов ЛИНК.