Со претставата „Мојот маж, поет“ вечерва во 20 часот на сцената на Драмскиот театар во Скопје гостува Уметничката академија од Осијек, Хрватска. Сценариото е според приказните на македонската авторка Румена Бужаровска, а режисер е Роберт Рапоња.
Улогите ги толкуваат студентите по глума и кукларство Сара Мосер, Анамарија Јуришиќ, Крешимир Јелиќ и Јаков Јозиќ.
Претставата е копродукција помеѓу Уметничката академија од Осијек и Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осијек.
Влезот е бесплатен.