Повеќе млади фотографки од Балканот ја здружија својата пасија за фотографијата и создадоа заедничка фото-приказна преку која ја претставија моќта на девојката во сите балкански држави, меѓу кои и Македонија.
Истоимениот проект започна минатата година со цел да ги поврзе и да ги афирмира младите фотографки.
Една од иницијаторките, Деа Милоти од организацијата Social Contract Institute од Тирана, вели дека уметноста е голема и моќна алатка за праќање пораки и мегафон за гласот на многу луѓе.
„Денес, кога постојано сме на телефоните, постојано сликаме и ги споделуваме фотографиите со луѓето што ги знаеме и оние што не ги знаеме. Тоа е затоа што сме генерација чиј глас мора да се чуе, а фотографијата е одличен медиум за изразување став. Па, зошто да не собереме сто девојки од пет земји, кои сите имаат заедничка страст за фотографијата и да ја покажеме нивната перспектива на општеството во кое живеат. ‘Моќта на балканската девојка’ е проект за единство, а не за делење“, изјави таа за српското издание на VICE.
Во продолжение, погледнете дел од фотографиите:
Целата листа со фотографии може да ја погледнете на следниот ЛИНК.