Драмата „Моќта на кучето“ на режисерката Џејн Кампион ќе има најмногу номинации за овогодишните награди Оскар.
Филмот, во кој главната улога ја толкува Бенедикт Камбербач, е номиниран во дури 12 номинации, и тоа за најдобар филм, режија, адаптирано сценарио, актер, две номинации за најдобар спореден актер и за најдобра споредна актерка, најдобра кинематографија, продукција, музика, звучни ефекти и монтажа.
Кампион последен пат освои оскар во 1994 година за филмот „Пијано“, а истовремено стана прва режисерка со две номинации за најдобра режија.
Со 10 номинации е и филмот „Дина“ на Денис Вилнев – адаптацијата на култниот научно-фантастичен роман на Френк Херберт. По седум номинации имаат „Приказната од Западната страна“ и „Белфаст“.
За најдобар филм покрај „Моќта на кучето“, „Дина“, „Белфаст“ и „Приказна од Западната страна“ конкурираат и „Кралот Ричард“, „КОДА“, „Не гледај нагоре“, „Вози ја мојата кола“, „Ликорис Пица“ и „Кошмарна уличка“.
За најдобар режисер покрај Кампион, номинирани се и Стивен Спилберг (Приказна од Западната страна), Кенет Бранаг (Белфаст), Рисуке Хамагучи (Вози ја мојата кола) и Пол Томас Андерсон (Ликорис Пица).
За најдобар актер меѓу номинираните се: Хавиер Бардем (Да се биде Рикардо), Бенедикт Камбербач (Моќта на кучето), Ендру Гарфилд (Тик, Тик, Бум!), Вил Смит (Кралот Ричард) и Дензел Вошингтон (Трагедијата на Магбет).
Во конкуренција за најдобра актерка ќе бидат: Џесика Честејн (Очите на Теми Феј), Оливија Колман (Изгубената ќерка), Пенелопе Круз (Паралелни мајки), Никол Кидман (Да се биде Рикардо) и Кристен Стјуарт (Спенсер).
По номинациите следува гласање од членовите на Американската филмска академија пред главната церемонија која е закажана за 27-ми март.
Целосната листа на номинации погледнете ја на следниов ЛИНК.