Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека процесот на екстерното тестирање е целосно заокружен во 228 основни и средни училишта.
Денеска, пак со почеток во 9:30 часот започна екстерната проверка за вкупно 43.909 ученици, од четврто одделение во основното образование, па до трета година во средно образование.
Екстерно годинава треба да полагаат вкупно 183.280 ученици, како и да се провери какви оценки ставаат 17.803 наставници по 7.560 предмети.
СП: Прашање на екстерно – Желудникот лачи пепсин, швепсин или кока-колин?!
Тестирањето започна на 2 јуни, а треба да заврши на 10 јуни. Резултатите ќе бидат објавувани етапно, при што, поради претстојните уписи во задолжителното средно образование, предност ќе имаат деветто одделенците, соопштија од МОН.