МОН ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи за студиската 2024/2025 година.

Сите апликанти, како што посочија од МОН, ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk.

„Одбиените кандидати имаат можност да поднесат жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението, на адресата на Државната комисија бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11). Добитниците на стипендија не треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски околу користењето на стипендијата се наведени во решението“, соопштија од МОН.

Резултатите од сите конкурси може да се погледнат на следниов ЛИНК.