МОН ги објави резултатите од повикот за финансиска поддршка на студенти за партиципација или сместување

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од повикот за доделување финансиска помош на студенти за плаќање на дел од партиципацијата за студирање, партиципација за сместување во студентски дом и партиципација за сместување во приватен дом.

Оваа мерка беше наменета за студенти чие образование се финансира од Буџетот на РСМ, а се од домаќинства со низок доход, за време на вонредна состојба.

Студентите опфатени со оваа уредба можат да искористи само една од партиципациите за трошоците за студирање за студентите која е еднократна и изнесува до 6.000 денари, еднократната партиципација на трошоците за сместување во студентски дом до 6.000 денари, или партиципацијата на трошоците за приватно сместување за студентите од член, која исто така е еднократна и изнесува до 6.000 денари.

Според Уредбата, МОН врз основа на листата треба да им уплати средства на студентите за плаќање на дел од партиципацијата за студирање или сместување во студентски дом до 25 декември 2020 година, додека рокот за уплаќање на средствата за приватно сместување e 30 ноември 2020 година.