УНИЦЕФ ќе го поддржи Министерството за образование и наука и другите релевантни македонски институции во заеднички напори за подобрување на квалитетот на образовниот систем, откако Министерката за образование и наука, Рената Дескоска и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, ја потпишаа Годишната програма за соработка за 2018 година.
Програмата предвидува поддршката да биде насочена кон подобрување на системот за обезбедување квалитет преку спроведување на анализа на пристапите за оценување и евалуација во земјата, зголемување на капацитетите на училишното раководство и поттикнување на конкурентност кај младите луѓе.
УНИЦЕФ ќе обезбеди и поддршка во развoj на стратегии за воведување на образование кое ќе придонесе за градење вредности кај младите и за професионален развој на наставниците за примена на нови наставни приоди и методологии.
Активностите, исто така, ќе бидат насочени кон поддршка на стекнување знаења и вештини на клучните учесници во образованието и подигнување на свеста за важноста на учеството на децата, семејствата и заедниците во инклузивно и квалитетно образование.