Откако вчера истече рокот најавен за исплата на субвенционираниот студентски оброк, од од Министерството за образование и наука (МОН) информираат дека исплатата ќе има до крајот на декември.
Оттаму велат дека сите студентки кои ќе го остварат правото, ретроактивно на своите трансакциски сметки ќе добијат парични средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември.
„Во моментов, комисија во рамки на Министерството за образование и наука задолжена за проверка дали студентите/апликантите ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, врши компарација на податоците наведени во апликациите и податоците кои ги добивме од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети“, соопштија од МОН.
Од Министерството додаваат дека секој студентите ќе добијат решенија преку системот на кој се аплицираше, а веднаш потоа ќе се реализира и исплатата.
Според МОН на повикот кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнале над 31 илјада апликации.
Студентите не го добија најавениот субвенциониран оброк до 15 декември