Сите ученици и студенти кои оствариле право на стипендија пред учебната односно академската 2021/22 година и доставиле анекси кон нивните договори за изедначување на стипендијата, ќе можат да потпишат спогодба со Министерството за образование и наука за ретроактивна исплата на разликата до зголемената стипендија за академската 2021/22 и за дел од 2022/23 година, информираат денес од ресорното министерство.
Износот на разликата за студентите ќе се надоместува преку две исплати, еднаш во октомври 2023 година, а вториот дел во февруари 2024 година. За учениците износот на разликата до зголемените стипендии ќе се исплати во октомври оваа година.
Од МОН потенцираат дека овие спогодби ќе може да ги потпишат само оние ученици и студенти кои доставиле анекси на договорите за стипендија во предвидениот рок.
Соопштението на Министерството доаѓа откако минатиот месец Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) се закани со протест доколку од институцијата не излезат со соопштение за ретроактивна исплата на стипендиите.
УСС УКИМ: МОН да ја исправи неправдата кон студентите, во спротивно во петок сите на улица