Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување 20 целосни стипендии за додипломски и за постидипломски студии за изучување на старотурски јазик на некој од светските универзитети на кои има катедри за отомански студии.
МОН трета година по ред го објавува конкурсот преку кој во изминатите две години биле стипендирани девет кандидати – четири на додипломски и пет на постдипломски студии.
Рокот за пријавување на новиот конкурс, за академската 2016/2017 година, ќе трае до 30 септември. Стипендијата е целосна и ги покрива сите трошоци на студирањето и за престојот на кандидатот во земјата каде што избрал да студира.